
Новости
Соопштенија
Известување до имателите на обични и приоритетни акции
5. 6. 2025
Известување до имателите на обични и приоритетни акции
Во согласност со донесените одлуки од Собранието на акционери одржано на 30.5.2025 година, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите акционери дека ќе изврши исплата на дивиденда за обичните акции за 2024 година во бруто износ од 229,00 денари по акција и дивиденда за приоритетните акции за 2024 година во бруто износ од 6,00 денари по акција.
Исплатата на дивиденда за обичните и приоритетните акции за 2024 година ќе се изврши врз основа на следниот дивиденден календар:
- Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на Акционерската книга, е 16. 6. 2025 година.
- Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12. 6. 2025 година.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда е 13. 6. 2025 година.
- Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе се изврши до 30. 6. 2025 година. Исплатата на дивиденда за обичните акции ќе се реализира почнувајќи од 10. 7. 2025 година.
Дивидендата на имателите на обични и приоритетни акции ќе се исплати во готово на нивните платежни сметки во Стопанска банка АД – Скопје или во друга банка.
Исплатата на дивиденда на акционери - физички лица: Со цел ефикасна исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични и приоритетни акции кои немаат платежна сметка во Стопанска банка АД - Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Стопанска банка АД – Скопје со цел отворање на платежна сметка. Оние акционери - физички лица, кои сакаат да им биде исплатена дивиденда во друга банка, треба да поднесат “Инструкција за пренос на дивиденда на сметка во друга банка” (најдоцна до пресекот на акционерската книга, 16.06.2025 година), во Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Банката или во најблиската филијала, со приложување на важечка легитимација и сметка од друга банка (“Инструкцијата” е достапна на интернет страната на Стопанска банка АД Скопје).
Исплатата на дивиденда на акционери - правни лица ќе се врши со пренос на средства на нивните сметки во Стопанска банка АД Скопје или во друга банка, со доставување на инструкциja за исплата во друга банка од страна на правното лице, која може да се преземе од интернет страната на Стопанска банка АД Скопје.
Имајки во предвид дека исплатата на дивиденда на физички лица согласно Законот за персонален данок на доход подлежи на пресметка и плаќање на персонален данок на доход, кој пак согласно важечката даночна регулатива, се плаќа преку е-ПДД системот на УЈП од страна на самото физичко лице, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат лично соодветни активности за нивно евидентирање во даночната евиденција на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на приход кој подлежи на оданочување од кој било вид во Република Македонија.
СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ