Новости
Соопштенија
Именуван нов Генерален директор за управување со ризици
28.1.2026
Д-р Емилија С. Ивановска - Генерален директор за управување со ризици, член на УО
Стопанска банка со задоволство објавува дека со добивање на соодветните лиценци, назначен е нов член на Управниот одбор д-р Емилија Стојанова Ивановска, на функцијата Генерален директор за управување со ризици.
Д-р Стојанова Ивановска е долгогодишен професионалец во банкарството со две децении искуство во Банката, од кои 15 години на менаџерски позиции. Таа поседува длабоко аналитичко и стратешко знаење во областа на управувањето со кредитниот ризик, управување со квалитет на кредитното портфолио и наплата, како и управување со ликвидносните и пазарните ризици.

Во текот на својата кариера водеше клучни проекти во областа на ризиците, меѓу кои развој и надградба на моделите за кредитно оценување, развој на политиките за управување со ризици и учество во бројни одбори на Банката.
Д-р Емилија Стојанова Ивановска е доктор на економски науки со специјалност во управување со кредитен ризик со примена на економетрија и статистички методи и модели. Таа е активен учесник во професионални и академски форуми, панелист на конференции и гостин-говорник на повеќе високообразовни институции. Со повеќегодишно учество во Кредитните Одбори и Одборот за управување со ризици, како и активно учество во Комисијата за ризици при МБА таа има воспоставено силен професионален кредибилитет и препознатлива експертиза во банкарскиот сектор.
Со ова назначување, Стопанска банка АД – Скопје ја зацврстува својата заложба за силно корпоративно управување, стабилен систем за управување со ризици и примена на највисоките стандарди во работењето.

