
Новости
Соопштенија
Именуван нов член на Управниот одбор
25. 6. 2025
Именуван нов член на Управниот одбор
Стопанска банка АД – Скопје го објавува назначување на г-а Мирјана Трајановска за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор.
Г-а Трајановска има 35-годишно искуство посветено на Стопанска банка и неуморен ангажман на проекти кои оставија белег на и Банката и на пазарот. Нејзиното темелно и институционално искуство, докажаното лидерство и експертизата, заедно со нејзиниот долгогодишен придонес и лојалност кон Банката, ја прават најсоодветниот кандидат за новата улога во нашиот Управен одбор.
Ова назначување е одраз на посветеноста на Банката да препознава внатрешни таленти и да обезбедува континуитет во врвното финансиско лидерство.
Искрено ѝ посакуваме на г-а Трајановска просперитетна иднина и континуиран успех.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна