
Новости
Соопштенија
И до 70% намалени надоместоците за МИПС трансакции
4.8.2025
И до 70% намалени надоместоците за МИПС трансакции
Стопанска банка АД – Скопје, следејќи ги препораките на Народната банка, ги известува клиентите дека од вторник, 5.8.2025 година во примена ќе бидат намалени надоместоци за услугите во домашниот платен промет кои се процесираат преку системот на Народната банка (МИПС).
Надоместоците за население, за трансакциите кои се извршуваат преку филијалите на Банката се намалуваат за повеќе од 70 %, а соодветно намалување има и кај правните лица. На овој начин, Банката придонесува кон зголемена финансиска инклузија но и кон раст на бројот на корисници и на трансакции на дигиталните канали каде што промените во надоместоците се и најизразени.
На линкот е споредбен приказ со новите надоместоци на Банката со примена од 5.8.2025 година.
Дополнително, веќе од 6.8.2025 година во примена ќе бидат намалени надоместоци за тарифни категории и услуги поврзани со платежните картички:
- За сите дебитни Visa/Mastercard картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје, се намалува надоместокот за подигнување на готовина од банкомати на други банки во државата на износ од 2% од подигнатиот износ, но не помал од 70 денари.
- За Visa/Mastercard бизнис дебитните картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје, се намалува надоместокотза подигнување на готовина од банкомат на Стопанска банка АД – Скопје на износ од 50 денари по трансакција
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна