header image

Донација - Читална на Медицински факултет, Скопје

17. 6. 2025

 

Донација - Читална на Медицински факултет, Скопје

 

Стопанска банка АД-Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите. Читалната во рамките на Клиничкиот центар зафаќа површина од 120 метри квадратни, уредена со модуларен мебел, со што претставува инспиративен простор за учење и надградување на медицинските лица.

Читалната ја предадоа во употреба членовите на управниот одбор на Стопанска банка, Диомидис Николетопулос и Бојан Стојаноски. На отворањето на новиот простор за учење присуствуваа и деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, продеканите на овој факултет, професори, доктори, но и претставници на студентите кои најмногу ќе го користат овој простор.

- Со своите активности, Стопанска банка е насочена кон унапредување на условите во локалната заедница, на секој начин. Ни претставува огромно задоволство што правиме нешто за иднината на една земја, односно вложуваме во професионалната надградба на идните медицински кадри, кои се едни од најзначајните професионалци за секоја земја. Секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет на потребите на Медицинскиот факултет, со кој имаме партнерска соработка, продолжувајќи ја посветеноста на здравјето на луѓето од заедницата – истакна Диомидис Николетопулос, претседател на управниот одбор на Стопанска банка.

Деканот на Медицинскиот факултет, Светозар Антовиќ, се заблагодари за донацијата, истакнувајќи задоволство од долгорочната соработка со Стопанска банка.

- Студентите на Медицинскиот факултет добија современа читална што ќе ја користат многу генерации студенти. Овој простор наменет за нив е неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, какви што продуцира нашиот факултет, со што на долг рок го унапредуваме медицинскиот кадар и создаваме одржливост на здравствениот систем. Стопанска банка со оваа донација уште еднаш потврди дека е наш партнер од кој добиваме максимална поддршка за различни проекти за студентите и Институтите со кои се унапредуваат условите во здравствениот сектор, за што сме бескрајно благодарни – рече Антовиќ.

   

Со отворањето на читалната, Стопанска банка ги заокружи неколкуте донации на Медицинскиот факултет во Скопје, реализирани по повод големиот јубилеј, 80 години постоење на Банката. Покрај создавање на читалната, Стопанска банка донираше врвна технологија за Институтот за патологија, односно специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат медицински примероци. Оваа врвна опрема се користи и во едукациски цели на Медицинскиот факултет, помагајќи за високо профилирање на идните стручни кадри.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.