Новости
Соопштенија
Најдобри банкарски службеници за 2025
3.11.2025
Најдобри банкарски службеници за 2025
На свеченоста организирана од Македонската банкарска асоцијација по повод Меѓународниот ден на штедење и оваа година прогласени беа најдобрите банкарски службеници од сите членки на Асоцијацијата.
За 2025 година, нашите најдобри колеги прогласени беа:
- Иванова Сања, Раководител на служба за продажба - филијала Аеродром,
 - Оџакова Верица, Советник за мали бизниси - филијала Струмица,
 - Петровска Викторија, Раководител на служба за продажба - филијала ГТЦ
 
 
На настанот присуствуваа Генералниот извршен директор, Генералниот директор за банкарство на мало и Сениор менаџерот за продажба и мрежа на филијали, кои лично им ги честитаа наградите на колегите и им посакаа понатамошен успех во Банката.
Горди сме што ги промовираме нашите вработени и го славиме нивниот личен придонес кон севкупниот успех на Банката. Како дел од ова признание, добитниците добиваат и парична награда од Банката.
Нашиот #СТБтим продолжува да расте и да создава заедно.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

