header image

Меморандум за соработка со Природонаучен музеј - Скопје и Министерство за Култура и Туризам

11.12.2025

 

Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, Генералниот извршен директор на Стопанска банка Хрисула Кутуди, и директорот на Природонаучниот музеј - Скопје Ивица Заркадов денес потпишаа Меморандумот за трогодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот.

Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишен јубилеј од основањето на оваа музејска институција следната 2026 година.
Министерот Љутков во изјава за медиумите изрази благодарност до Стопанска банка што ја препозна важноста и потенцијалот на музејот како национален центар за еколошко и научно образование.

Овој Меморандум е потврда за тоа како јавниот и приватниот сектор можат успешно да соработуваат за создавање подобри услови за учење, за иновативни културни и научни содржини и за поддршка на младите генерации. Особено ме радува што проектите што ќе се реализираат, од „Магичната соба“, до подобрената пристапност, модерната веб-страница и новите дигитални алатки, директно ќе влијаат врз развојот на љубопитноста, знаењето и креативноста кај најмладите посетители, потенцираше Министерот Љутков.

Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, г-а Кутуди, нагласи дека Банката негува долга традиција во поддршката на образованието, науката и јавните институции.
Ми претставува особено задоволство да бидам денес тука како претставник на тимот на Стопанска банка, посветени на новото партнерство со Музејот на природни науки и со Министерството за култура и туризам.
Стопанска банка негува долга традиција на поддршка на образованието, науката и на јавните институции. Се надевам дека со ова партнерство ќе придонесеме за нови интерактивни и имерсивни искуства за илјадниците деца кои го посетуваат Музејот секоја година продолжувајќи ја со тоа научната мисија градена веќе еден век.
Им благодарам на Министерството за нивната насока и поддршка и на тимот на Музејот за нивната енергија и инспирација во соработката со нашиот тим. Со нетрпение очекувам да се сретнеме повторно тука на отворањето на новите дигитални поставки.“
, истакна Кутуди.

Директорот на Природонаучниот музеј г. Заркадов изрази благодарност до Стопанска банка за значајната донација од 150.000 евра, која ќе овозможи обновување на влезниот портал и холот, изградба на првата интерактивна „MAGIC ROOM“ во Македонија и целосна модернизација на веб-страницата. Тој истакна дека овие промени ќе го направат музејот поатрактивен и за учениците и младите, и за туристите, и дека ова претставува прва ваква поголема донација директно вложена во музејската зграда во неговото столетно постоење.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.