Дигитално банкарство
Ажурирање на клиент со OneID
Ажурирање на клиент со OneID
Што е OneID електронската идентификација
OneID е мобилна апликација за електронска идентификација со чија помош клиентот може да се идентификува пред компании кои го бараат тоа во рамките на услугите што ги нудат.
Електронската идентификација, ви озможува да го потврдите Вашиот личен идентитет и да ги ажурирате податоците во Банката, особено во случаи на промена на лична карта или пасош, промена на адреса и слично — без потреба од физичка посета на филијала.
Стопанска банка во својот процес за идентификација на клиентот и негово ажурирање ја прифаќа OneID како средство за електронско потврдување на личен идентитет и за потпишување на документ за регистрација.
Како се користи OneID
Креирањето електронска идентификација е едноставно и започнува со преземање на мобилната апликација OneID, достапна на Google Play, App Store и App Gallery (минимум верзија на оперативен систем на мобилниот уред е Android 6.0 или iOS 11.4 ).
Потребни услови за регистрација:
- Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
- Валидна e-mail адреса
- Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
- Валидна лична карта или пасош во РСМ
За детални упатства и информации за процесот на креирање на електронски идентитет, посетете ја официјалната веб-страница на OneID: www.oneid.mk.
Услугата е целосно бесплатна.
Често поставувани прашањa
Што е OneID?
OneID е Ваша електронска идентификација пред компании кои нудат услуги за кои има потреба од Ваше електронско идентификување. Вие можете електронски да се идентификувате, со користење на апликацијата OneID инсталирана на вашиот мобилен уред, за услугите за кои сте дале согласност.
Кој може да ја користи OneID - електронската идентификација?
Секое физичко лице над 18 годишна возраст, граѓанин на нашата држава со валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган.
Дали услугата OneID - електронска идентификација се наплаќа?
Не, услугата за прифаќање електронска идентификација е бесплатна за корисникот.
Дали електронската идентификација е со рок на важност?
Да, еднаш креираната дигитална идентификација преку OneID има рок на важност од две години. По истекот на овој период, потребно е да се обнови идентификацијата преку OneID мобилната апликација следејќи ги инструкциите на ист начин како за прва регистрација.
Дали ако имам електронска идентификација преку апликација различна од OneID ќе можам да ја користам во Стопанска банка АД - Скопје?
Не, електронската идентификација во Стопанска банка АД - Скопје е овозможена само преку апликацијата OneID.
Дали мојата електронска идентификација обезбедена преку OneID можам да ја користам преку повеќе различни уреди?
Eлектронската идентификација преку апликацијата OneID може да биде активна само на еден паметен мобилен уред.
Дали е задолжително да биде овозможена биометриската автентикација на мобилниот уред за користење на OneID мобилната апликација ?
Да, потребно е да биде овозможена биометриска автентикација на вашиот мобилен уред за користење на One ID. Кај уредите со Android оперативен систем, поддржана е автентикација преку отпечаток од прст, додека со iOS е овозможена автентикација преку отпечаток од прст и/или препознавање на лик.
Дали има ограничување во користењете на One ID за ажурирање на моите податоци во банката?
Да, ажурирање на податоците со користење на услугата OneID е дозволено само еднаш во текот на месецот.
Дали моите лични податоци се безбедни со OneID?
Да, вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID. Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на Вашите податоци до мобилните или веб-апликации на правните лица чиишто услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.
За дополнителни информации обратете се на

