Маркетинг и ООП
Сонуваме. Менуваме vol. 7
Сонуваме. Менуваме vol. 7
Повик за грантови за Асоцијации на лица со посебни потреби
Како и претходните години, во рамки на "Сонуваме. Менуваме" Стопанска банка ќе одобри грантови за реализација на проекти на Асоцијациите на лица со попреченост за што информираше преку јавниот повик.
Инклузивна претстава со 5 плус Фамилија
#СонувамеМенуваме музичко - театарски спектакл
Повелете на уште едно спектакуларно дружење со омилените ликови од 5+ Фамилија!
Подготвивме “Музичка beat-ка“ инклузивна претстава која повторно ќе не натера да размислуваме и да делуваме за создавање на подобар свет за сите.
Омилените детски ликови од 5+ фамилија со рамноправни учесници од неколку асоцијации за деца, преку музика и театарска игра ја пренесуваат пораката дека разликите не треба да не разделат, туку напротив да нѐ сплотат со цел да создадеме општество какво што сонуваме да имаме.
Забелешка за приватност: Настаните се снимани и фотографирани по што материјалите се објавуваат на веб-страницата и профилите на социјални медиуми на Банката со цел известување за реализираното.
Фото албум од настаните можете да најдете на нашиот Facebook профил.
Новите музички нумери од ОхО продукција и 5+ бенд:
Одобрени Грантови 2025
На повикот за грантови од #СонувамеМенуваме бр. 7 пристигнаа 28 пријави на проекти и планирани активности од 28 асоцијации и здруженија.
Комисијата на Банката ги разгледа сите проекти и со годишниот буџет од 30.000евра ќе ги финансира следните 16 проекти:
| ЗДРУЖЕНИЕ | ОДОБРЕН ИЗНОС |
| „Дневен центар Доза Среќа“ - Скопје | 1.680евра |
| „Викимедија“ - Скопје | 2.000евра |
| „Ластовица“ - Скопје | 2.166евра |
| „Креатива Исток“ - Скопје | 2.200евра |
| „ВО МОЈОТ СВЕТ“ - Скопје | 2.200евра |
| „Златни Ангели“ - Скопје | 2.000евра |
| „Кузман Јосифовски Питу“ - Скопје | 2.081евра |
| „Соѕвездие“ - Скопје | 2.500евра |
| „Кочо Рацин“ - Битола | 1.300евра |
| Државно средо училиште „Партенија Зографски“ - Скопје | 2.500евра |
| Монтесори - Здружение, Скопје | 1.500евра |
| „Балончиња“ - Битола | 1.160евра |
| „Имаго Плус“ - Скопје | 1.500евра |
| „КУЌА НА СРЕЌАТА“ - Скопје | 2.450евра |
| „Мојот пат“ - Скопје | 1.300евра |
| „Отворете ги прозорците“ - Скопје | 1.500евра |
| ВКУПЕН ИЗНОС НА ДОНАЦИИ: | 30.037евра |
Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Не радува фактот што со овогодинешниот буџет достигнуваме 150.000евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост. Конкретните проекти опфаќаат повеќе лица, овозможуваат континуирана работа со нив преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или, пак, овозможуваат нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности.

