

Платежни услуги
Платежни сметки
Платежни сметки
Отворање сметка
На правните лица кои за првпат отвораат платежна сметка во денари, потребна им е следната основна документација:
- пополнета апликација за идентификација/ажурирање на правно лице
- пополнето барање за отворање/измена на платежна сметка на правно лице
- тековна состојба за правното лице не постара од 6 месеци
- ЗП образец
- документ за лична идентификација од лицето (или лицата) што е овластено за застапување или има контролна функција во управувањето со имотот
- документ за лична идентификација за вистинскиот / вистинските сопственик / сопственици
- документи за лична идентификација од овластените потписници
- останата документација за утврдување на вистински сопственик, не постара од 6 месеци (изводи од трговски регистар, тековни состојби и сл. доколку во сопственичката структура има правни лица)
Доколку документацијата не е на македонски јазик, потребно е таа да биде преведена од овластен судски преведувач.
Воедно, потребно е да се пополнат и следните формулари на Банката:
- Рамковен договор за платежни услуги
- Општи услови и правила за работа со платежна сметка на правни лица и други услуги за правни лица
- Општи правила и услови за користење на i-bank сервисот (дигитално банкарство) на Стопанска банка АД - Скопје за правни лица
- Општи правила и услови на Стопанска банка АД - Скопје за користење дебитни картички за правни лица
- Општи правила и услови на Стопанска банка АД - Скопје за прифаќање платежни трансакции засновани на картички
Доколку правното лице е во една од долунаведените дејности или ѝ припаѓа на една од овие групи, потребни се и следните дополнителни документи:
Дополнителни документи покрај основната документација:
- прашалник за здруженија;
- акт за основање;
- статут;
- програма за дејствување за тековната година;
- документ за извори на финансирање (издаден од правното лице со печат и потпис на управител);
- документ за начинот на трошење на средствата (издаден од правното лице со печат и потпис на управител);
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- заверена фотокопија на Актот за основање на странската организација и заверен превод за регистрација во странската држава во која е основана или друг документ што потврдува дека организацијата може да дејствува;
- заверена фотокопија на одлуката и заверен превод на одлуката на надлежниот орган за основање на организациониот облик во Република Северна Македонија;
- заверен превод на одлуката и одлуката за избор на законски застапник со лични податоци, заверена фотокопија на исправата за идентификација на тоа лице и документ за регулиран престој, односно живеалиште во Република Северна Македонија;
- заверен превод на одлуката за лице овластено од законскиот застапник за регистрација на организациониот облик на странската организација во Република Северна Македонија;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- акт за основање (статут);
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- при отворање платежна сметка сметка „за изборна кампања“ задолжително се обезбедува единствениот даночен број со назнака „за изборна кампања“;
- за Коалиции – Договор за коалиција;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- последно ажурирана „Програма за спречување перење пари и финансирање на тероризам“
- изјава за санкции- да се обезбеди печат од правно лице и потпис на управител;
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
- лиценца за вршење на дејноста (ако не е внесена во тековната);
Дополнителни документи покрај основната документација:
- информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице со потпис од управител и печат од правното лице);
- лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;
- документ за лична идентификација за вистинскиот/вистинските сопственик/сопственици;
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице со потпис од управител и печат од правното лице);
- лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- информација за начин на финансирање и начин на трошење на средствата (извори на средства и очекувани одливи, документ издаден од правното лице) или финансиски извештаи/годишна сметка за последната година;
- последно ажурирана Програма за спречување перење пари и финансирање на тероризам;
- изјава за санкции - да се обезбеди печат од правно лице и потпис на управител;
- лиценца за вршење на дејноста, доколку таа е издадена. Доколку не е издадена лиценца, објаснување зошто компанијата работи без лиценца;
Дополнителни документи покрај основната документација:
- финансиски извештаи/годишна сметка за последната година (освен буџетски корисници чиишто финансиски извештаи/годишна сметка се јавно објавени на веб страницата на буџетскиот корисник);
Банката може да побара и друга документација покрај наведената, согласно Закон.
Клиентите на Банката кои веќе имаат отворено сметка во СБ, но сакаат да ги ажурираат податоците, потребно е само да достават пополнето Барање за отворање/измена на платежна сметка на правно лице.
Отворање сметки на домашни правни лица во девизи
Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД - Скопје со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија.
За отворање сметки во девизи, комитентот е потребно да ги достави следниве документи:
- извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Северна Македонија, не постар од три месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матичниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копија заверена на нотар, акт од надлежен орган за основање, ако правното лице врши регистрирана дејност, нема обврска за запишување во регистар, или извод од закон ако правното лице е основано согласно закон.
- ЗП образец (заверен потпис на законскиот застапник кај нотар), оригинал
- оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.
Нерезидентни сметки
Нерезиденти сметки може да отворат правни лица регистрирани во странство, хуманитарни организации со седиште во странство, како и дипломатски и конзуларни претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република Северна Македонија.
Странски правни лица може да отворат платежни сметка во сите филијaли на Стопанска банка АД - Скопје.
Пред да се воспостави деловен однос, клиентот пополнува Questionnaire for expressing intent for establishing business relation with Stopanska banka
Потребни документи за отворање платежна сметка за нерезидент правно лице се следниве:
- Писмено барање за отворање на платежна сметка и за располагање со средствата на сметката, потпишано од законскиот застапник на правното лице, во оригинал.
- Апликација за идентификација / ажурирање клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци, вклучувајќи го и делот за краен сопственик, во оригинал
- Документи за лична идентификација на законските застапници, овластените потписници и вистинските сопственици на правното лице
- Документ за регистрација на странското правно лице издаден од надлежен орган, извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во државата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој може да се утврди законскиот застапник, датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста што ја врши, управители, сопствениците, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.
- Документи за утврдување на сопственичка структура
- Потврда за платени даноци издадена од даночен орган
- Финансиски извештаи/завршна сметка за последната година
- Очекувани приливи и очекувани одливи со износи и налогодавачи/ налогопримачи (може на меморандум од фирмата, потпишано од управител)
- Бонитет од банка во матичната држава
- Опис на дејноста и опис на активностите на територијата на РСМ/правни и физички лица со кои соработуваат на територијата на РСМ (може на меморандум од фирмата, потпишано од управител).
- Картон за овластени потписи
- Рамковен договор за платежни услуги
- Општи услови и правила за работа со платежна сметка на правни лица и други услуги за правни лица
- Други документи (Банката има право да побара од клиентот да достави дополнителни документи за проверка и засилена анализа на работењето на странското правно лице)
За нерезидент правно лице - дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација документ издаден од Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија или извод од Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и полномоштво на одговорното лице во претставништвото, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Наведените документи се доставуваат во оригинал на македонски јазик, преведени од овластен преведувач.
Идентитетот на застапникот по закон и на лицата овластени за располагање со средствата на платежната сметка на правното лице нерезидент се утврдува врз основа на следниве документи:
- важечки документ за идентификација (важечка лична карта или пасош со адреса на живеење)
- информација / изјава дали правното лице нерезидент има акции / удели на доносител
- апликација за идентификација / ажурирање клиент физичко лице пополнета целосно во сите задолжителни полиња
Располагање со средствата на платежните сметки на нерезидентот правно лице
- Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари во согласност со законските прописи во земјата
- Уплати и исплати во ефектива и во денари во согласност со законските прописи во земјата
Ажурирање на документација
Во согласност со одлуката за начинот и за условите за отворање и за водење сметки на нерезиденти, документите за идентификација и за регистрација на клиентите нерезиденти правни лица задолжително се ажурираат најмалку еднаш во текот на една година, со презентација на извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој ќе може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање.
Доколку клиентот нерезидент правно лице по истекот на една година не ја обезбеди потребната документација за ажурирање, како и доколку на платежните сметки во банката нема промет повеќе од две години, банката постапува во согласност со важечката регулатива, која во моментот предвидува блокада на сметките.
За дополнителни информации обратете се на