header image header image

Соработка со ЕБОР - Sustainable Reboot SME Programme

КРЕДИТИ ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

Sustainable Reboot SME Programme
Карактеристики

Програма за поддршка на мали бизниси која обезбедува финансирање на инвестиции во достигнување стандарди со високи перформанси (во ЕУ и меѓународно признаени), технологии и услуги во областа на заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, и квалитет и безбедност на производот, помагајќи им на тој начин да ја зајакнат конкурентноста. Ова, подеднакво, ќе им овозможи на МСП да го рестартираат сопствениот бизнис по пандемијата од Ковид-19.

Програмата спојува кредитна линија од ЕБОР пласирана преку Стопанска Банка АД Скопје и грант (15%) финансиран од Луксембург, Норвешка и Соединетите Американски Држави преку Small Business Impact Fund (SBIF)*, и останатите донатори кои се очекува да учествуваат.


Намена

За инвестиции на компании со:

  • До 250 вработени во компанијата/група компании
  • Годишен обрт до ЕУР 50 милиони
  • Годишна актива до ЕУР 43 милиони
Валута

Во девизи (ЕУР)

Износ

•    До ЕУР 1.000.000 за комплексни проекти
•    До ЕУР 150.000 за LET проекти
Износот до ЕУР 1.000.000 е достапен за еден проект или за неколку проекти кои ги спроведува компанијата/група компании кои аплицираат. Компанијата може да аплицира за неколку ЛЕТ проекти или комплексни проекти под услов вкупниот износ да не надмине вкупно 1.000.000 евра. 

Рок и начин на отплата

•    До 3 години за финансирање на LET проекти (минимален рок 18 месеци)
•    До 10 години за финансирање на инвестиции (минимален рок 18 месеци)

Обезбедување

Прифатливо обезбедување е недвижен имот, подвижни средства, банкарска гаранција, корпоративна гаранција, меници, готовинско покритие, и други средства во договор со Банката.

Ценовни услови

•    Каматна стапка во висина од 3,8 + 6 месечен ЕУРИБОР
•    Eднократна провизија во висина од 1,00%  
•    Провизија во висина од 0,50% за неискористениот дел од средствата

Исклучоци

Исклучоци (за целата листа, повеќе информации во Стопанска банка АД - Скопје)

  • Oбложување, недвижнини, банкарство, осигурување, или финансиско посредување, производство и/ или продажба на тутун и жесток алкохол
  • Оружје, производство, набавка и трговија и сите други активности кои се исклучени со политиките на ЕБОР
  • Обртен капитал, освен до нивото на потребите на соодветниот под-проект
  • Финансирање недвижнини за понатамошна продажба, финансирање за купување земјиште
  • Рефинансирање (или други преструктуирања) на постоечки кредит и кредитни операции за релевантните под-кредитокорисници
  • Без претходна писмена согласност од ЕБОР, било која активност наведена во Референтна листа во Додаток A во Политикатата за животна средина и социјала на ЕБОР, април 2019
  • Технологии кои вклучуваат горење, траснпорт или екстракција на јаглеродно интензивни фосилни горива како јаглен, масло за греење, или нафтени шкрилци.
  • Проекти во производство на нафта и гас, процесирање (вклучително и рафинирање), транспорт (пренос и дистрибуција), складирање и употреба за генерирање електрична енергија (друга, освен онаа за сопствено производство)
  • Производство на пластика за една употреба за потошувачка (не се однесува за медицинска употреба)

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.