

i-bank
Деловен e-banking
Деловен e-banking
Функционалности
Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за сметки на вашето правно лице.
НОВОСТИ
- Можност за реализација на платни налози и со мобилната апликација на СБ користејќи ОТП токен
- Можете самостојно да направите распоред на пристигнат девизен прилив без посета на филијала
Предности
- Достапен на сите пребарувачи (Google Chrome, Mozilla Firefox, Internet Explorer, Edge...)
- Заштедувате време и трошоците за патување до Банката
- Пристапот до Вашите финансии 24 часа на ден, 7 дена во неделата
- Едноставно користење
- Бесплатен пристап и повластени провизии за трансакции – до 70% пониски од оние на шалтер
- Интерно развиено решение кое гарантира максимална безбедност на Вашите финансии
Функционалности
- Следење на состојбата на сметките
- Следење на трансакциите преку сметките
- Преземање на изводите од сметките
- Плаќање по повеќе основи со налог ПП-30 (преку KIBS, MIPS или IBSP)
- Плаќање на обврски кон трезорска сметка ПП-50
- Процесирање на плати за вработените со ПП-53
- Плаќање кон странство во девизи со налог 1450
- Купување и продавање на девизи на e-banking
- Креирање на сопствени шаблони за најчесто користените налозите
Поднесување барање
Сите правни лица кои имаат свои денарски и/или девизни сметки во Стопанска банка можат да ги уживаат предностите на e-banking сервисот. За увид во сметките на правното лице, потребнно е да доставите пополнета пријава за e-banking сервисот за правни лица, а доколку сакате и да вршите трансакции преку сметките на правното лице, потребен е и Договор за e-banking сервисот. Договорот и Пријавата потпишани до законскиот застапник потребно е да се достават во најблиската филијала на Стопанска банка.
Со пријавата за користење на услугите на e-banking сервисот, законскиот застапник ги овластува лицата кои ќе можат да имаат увид во состојбата и извештаите од сметките на правното лице (web финансиски информации), а кои ќе можат да внесуваат и/или потпишуваат налози за плаќање по електронски пат. Само оние лица кои се овластени потписници на сметката можат да бидат и овластени за потпишување по електронски пат, и ним Стопанска банка може да им издаде дигитален сертификат на USB токен.
- Договор за користење на услугата е-banking
- Пријава на корисници за услугата e-banking
- Овластување
Термински план и трошоци
Плаќањата преку e-banking системот за физички лица на сметки во Банката се БЕСПЛАТНИ, а правните лица го користат системот со значајно намалени тарифи.
Термински план и провизија за плаќања за правни лица во работни денови:
Платен систем |
од Понеделник до Петок |
Сабота |
Провизија |
|
Интерен систем на СБ |
од 07:45 до 18:00 часот |
од 07:45 до 14:00 часот |
1-10.000,00 ден.: 9,00 ден по налог над 10.000,00 ден.: 11,00 ден по налог |
|
КИБС |
од 07:45 до 14:20 часот |
/ |
1-10.000,00 ден.: 20,00 ден по налог над 10.000,00 ден.: 24,00 ден по налог |
|
МИПС |
од 07:45 до 16:20 часот |
/ |
120,00 ден. по налог |
|
ПП53 налог |
од 07:45 до 14:00 часот |
Интерен: 4,00 ден. по налог КИБС: 18,00 ден. по налог |
||
Активност преку дигиталните канали за мали компании |
100,00 ден. месечно | |||
Активност преку дигиталните канали за средни и големи компании | 200,00 ден. месечно | |||
Посебни (специфични) услуги |
500,00 ден. трошок |
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на