

i-bank услуги
Деловен e-banking
Деловен e-banking
Функционалности
Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за сметки на вашето правно лице.
Предности
- Достапен на сите пребарувачи (Google Chrome, Mozilla Firefox, Internet Explorer, Edge...)
- Заштедувате време и трошоците за патување до Банката
- Пристапот до Вашите финансии 24 часа на ден, 7 дена во неделата
- Едноставно користење
- Бесплатен пристап и повластени провизии за трансакции – до 70% пониски од оние на шалтер
- Интерно развиено решение кое гарантира максимална безбедност на Вашите финансии
Функционалности
- Следење на состојбата на сметките
- Следење на трансакциите преку сметките
- Преземање на изводите од сметките
- Плаќање по повеќе основи со налог ПП-30 (преку KIBS, MIPS или IBSP)
- Плаќање на обврски кон трезорска сметка ПП-50
- Процесирање на плати за вработените со ПП-53
- Плаќање кон странство во девизи со налог 1450
- Купување и продавање на девизи на e-banking
- Креирање на сопствени шаблони за најчесто користените налозите
Поднесување барање
Сите правни лица кои имаат свои денарски и/или девизни сметки во Стопанска банка можат да ги уживаат предностите на e-banking сервисот. За увид во сметките на правното лице, потребнно е да доставите пополнета пријава за e-banking сервисот за правни лица, а доколку сакате и да вршите трансакции преку сметките на правното лице, потребен е и Договор за e-banking сервисот. Договорот и Пријавата потпишани до законскиот застапник потребно е да се достават во најблиската филијала на Стопанска банка.
Со пријавата за користење на услугите на e-banking сервисот, законскиот застапник ги овластува лицата кои ќе можат да имаат увид во состојбата и извештаите од сметките на правното лице (web финансиски информации), а кои ќе можат да внесуваат и/или потпишуваат налози за плаќање по електронски пат. Само оние лица кои се овластени потписници на сметката можат да бидат и овластени за потпишување по електронски пат, и ним Стопанска банка може да им издаде дигитален сертификат на USB токен.
- Договор за користење на услугата е-banking
- Пријава на корисници за услугата e-banking
- Овластување
Термински план и трошоци
Плаќањата преку e-banking системот за физички лица на сметки во Банката се БЕСПЛАТНИ, а правните лица го користат системот со значајно намалени тарифи.
Термински план и провизија за плаќања за правни лица во работни денови:
Платен систем | Од понеделник до петок | Во сабота | провизија | |
Интерен систем на СБ | од 07:45 до 18:00 часот | од 07:45 до 13:30 часот |
1-10.000 ден над 10.000 ден |
7,00 ден.по налог 11,00 ден. од налог |
КИБС | од 07:45 до 14:20 часот | / |
1-10,000 ден. над 10.000 ден |
15,00 ден. по налог 20,00 ден. од налог |
МИПС | од 07:45 до 16:20 часот | / | 110,оо ден. по налог | |
ПП53 налог | од 07:45 до 14:00 часот | / |
Интерен КИБС |
4,00 ден. по налог 16,00 ден од налог |
Надоместок за издавање на дигитален сертификат на USB токен |
1.200,00 ден. |
|||
Повластен трошок за водење на сметка за е-банкинг корисници |
300,00 ден. месечно |
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на