header image header image

Сметки

Отворање на сметка

Учесници во платниот промет се домашно право лице и физичко лице што врши регистрирана дејност и за вршење плаќања во домашниот платен промет можат да отворат една и повеќе сметки во Стопанска банка АД - Скопје.

Потребни документи за правни лица што првпат отвораат сметка се:

  • Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистарот на надлежен орган на Република Северна Македонија, ако уписот во регистарот е пропишан со закон
  • Акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар
  • Извод од законот, ако учесникот е основан во согласност со закон
  • Пријава за регистрација на правно или физичко лице (образец СБ)
  • Барање за отворање денарска или девизна сметка (образец СБ)
  • Пријава на овластени доставувачи на налози и фотокопија на лични карти (образец СБ)
  • Договор за отворање трансакциска сметка за домашен или платен промет во странство (образец СБ)
  • Изјава за прифаќање и за реализација на акцептни налози (образец СБ) – за клиенти што се регистрирани пред 2001 година
  • Доказ дека сметката е пренесена од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи - за клиенти што се регистрирани пред 2001 година
  • Формулар со дополнителни информации (образец СБ)
  • Општи услови за работа со сметката за вршење денарски платен промет (образец на СБ)

Клиентите на Банката, кои веќе имаат отворено сметка во СБ потребно е само да ги достават обрасците на СБ.

 

Отварање на сметки на домашни правни лица во девизи


Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД - Скопје со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија.

За отворање сметки во девизи кoмитентот е потребно да ги достави следниве документи:

  • извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Северна Македонија , не постар од три месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матичниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копија заверена на нотар,акт од надлежен орган за основање ако правното лице врши регистрирана дејност нема обврска за запишување во регистар,или извод од закон ако правното лице е основано согласно со закон.
  • ЗП образец(заверен потпис на законскиот застапник кај нотар), оригинал
  • оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.

Нерезидентни сметки

Процедура за отворање нерезидентни сметки на правни лица


(фирми, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации и др.)

Questionnaire for expressing intent for establishing business relation with Stopanska banka
Странски правни лица во Република Северна Македонија можат да отворат сметка во сите филијaли на Стопанска банка АД - Скопје.


Идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот

Потребни документи за отворање сметка за нерезидент правно лице се следниве:

  • Писмено барање за отворање на сметката и за располагање со средствата на сметката, потпишано од  законскиот застапник на правното лице, во оригинал.
  • Апликација за идентификација / ажурирање клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци, вклучувајќи го и крајниот сопственик  во оригинал (во прилог) и копија од документ за идентификација ( лична карта или пасош) на краен сопственик.
  • Документ за регистрација на правното лице издаден од надлежен орган, извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во државата во која е регистриран субјектот не постар од 3 месеци, од кој може да се утврди законскиот застапник, датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста што ја врши, управители, сопствениците, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.
  • Картон за овластени потписи (во прилог)
    • За нерезидент правно лице - дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација документ издаден од Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија или извод од Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и полномоштво на одговорното лице во претставништвото, во оригинал или копија заверена кај нотар.
    • Договор за отворање трансакциска сметка/ИД број за правно лице нерезидент

Доколку од документот за регистрација не можат да се утврдат потребните податоци за нерезидентот (седиште, сопственици, управители, дејност, крајни корисници, даночен број- доколку нерезидентот има таков, итн.), СБ може да побара дополнителни документи, како што се Статут, изјава, документ, препорака од друга банка или друг акт за основање, во оригинал или копија заверена кај нотар.  

Наведените документи се доставуваат во оригинал на македонски јазик, преведени од овластен преведувач.

Идентитетот на застапникот по закон и на лицата овластени за располагање со средствата на сметката на правното лице нерезидент се утврдува врз основа на следниве документи:


Располагање со средствата на сметките на нерезидентот правно лице
  • Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари
  • Трансфер на средства без никакви ограничувања
  • Уплати и исплати во ефектива во согласност со законските прописи во земјата, и тоа:
    • Уплата  на  ефективни странски пари на сметка на нерезидент до износот до 9.999 ЕУР во текот на еден месец, а над тој  износ со приложување писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Македонија, која гласи на име на уплатувачот правно лице и е со важност од 5 работни дена, од датумот на нејзиното издавање а може да се употреби повеќе пати. (Ограничувањето за уплата на ефективни странски пари не се однесува на претставништва на странски земји и на меѓународни организации)
    • Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент, кои претставуваат непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од сметката на нерезидентот
    • Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент  авиокомпанија по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување документ за вршење дејност на авиокомпанија во РСМ.
    • Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување склучен договор со авиокомпанија за преземање ефектива.
  • Уплата на ефективни денари само по основа на продажба на авиобилети и непотрошени ефективни денари претходно повлечени од  денарските сметки на нерезидентот, во било која банка во Македонија, во период од три месеци од денот на повлекувањето. За уплата на овие средства, нерезидентот задолжително треба да достави писмено барање и копија од налогот со кој се повлечени ефективните странски пари.
  • Врз основа на писмено барање за уплата на ефектива во денари на сметка на нерезидент, без презентација на дополнителни документи, дозволена е уплата на ефективни денари на денарска сметка на нерезидент до мкд 120.000 месечно
  • Уплата на ефективни денари на сметка на нерезидент авиокомпанија по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување документ за вршење дејност на авиокомпанија во Република Северна Македонија
  • Уплата на ефективни денари на сметка на нерезидент по основа на продажба на производи на патници во авион, со приложување склучен договор со авиокомпанија за преземање ефектива
  • Исплата на ефективни странски пари и ефективни денари без ограничувања.

 

Ажурирање на документација

Во согласност со одлуката за начинот и за условите за отворање и за водење сметки на нерезиденти, документите за идентификација и за регистрација на клиентите нерезиденти правни лица задолжително се ажурираат најмалку еднаш во текот на една година, со презентација на извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од три месеци, од кој ќе може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање.
Доколку клиентот нерезидент правно лице по истекот на една година не ја обезбеди потребната документација за ажурирање, како и доколку на сметките  во банката нема промет повеќе од две години, банката постапува во согласност со важечката регулатива, која во моментот предвидува блокада на сметките.

Ажурирањето на документацијата во согласност со одлуката не се однесува на нерезидент правно лице – дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација, како и на странските банки со кои домашните банки имаат воспоставено коресподентски односи.

Нерезидентите правни лица со статус на државни компании, ажурирањето на документацијата за идентификација на клиент може да го направат и со документ заверен од матичната амбасада во РМ, со кое се потврдува дека клиентот има статус на државна компанија и дека работи во континуитет од претходното ажурирање на сметките.

 

Неактивни сметки

Во согласност со законската регулатива, трансакциските денарски сметки на клиентите на кои нема салдо и промет во последните две години се третираат како неактивни и Банката има обврска да ги затвори и да го извести клиентот

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на