Кредитни производи
Соработка со ЕБОР - Sustainable Reboot SME Programme
Соработка со ЕБОР - Sustainable Reboot SME Programme
КРЕДИТИ ОД ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ
Sustainable Reboot SME Programme
Карактеристики
Програма за поддршка на мали бизниси која обезбедува финансирање на инвестиции во достигнување стандарди со високи перформанси (во ЕУ и меѓународно признаени), технологии и услуги во областа на заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, и квалитет и безбедност на производот, помагајќи им на тој начин да ја зајакнат конкурентноста. Ова, подеднакво, ќе им овозможи на МСП да го рестартираат сопствениот бизнис по пандемијата од Ковид-19.
Програмата спојува кредитна линија од ЕБОР пласирана преку Стопанска Банка АД Скопје и грант (15%) финансиран од Луксембург, Норвешка и Соединетите Американски Држави преку Small Business Impact Fund (SBIF)*, и останатите донатори кои се очекува да учествуваат.
Намена
За инвестиции на компании со:
- До 250 вработени во компанијата/група компании
 - Годишен обрт до ЕУР 50 милиони
 - Годишна актива до ЕУР 43 милиони
 
Валута
Во девизи (ЕУР)
Износ
•    До ЕУР 1.000.000 за комплексни проекти
•    До ЕУР 150.000 за LET проекти
Износот до ЕУР 1.000.000 е достапен за еден проект или за неколку проекти кои ги спроведува компанијата/група компании кои аплицираат. Компанијата може да аплицира за неколку ЛЕТ проекти или комплексни проекти под услов вкупниот износ да не надмине вкупно 1.000.000 евра. 
Рок и начин на отплата
•    До 3 години за финансирање на LET проекти (минимален рок 18 месеци)
•    До 10 години за финансирање на инвестиции (минимален рок 18 месеци)
Обезбедување
Прифатливо обезбедување е недвижен имот, подвижни средства, банкарска гаранција, корпоративна гаранција, меници, готовинско покритие, и други средства во договор со Банката.
Ценовни услови
•    Каматна стапка во висина од 3,8 + 6 месечен ЕУРИБОР
•    Eднократна провизија во висина од 1,00%  
•    Провизија во висина од 0,50% за неискористениот дел од средствата
Исклучоци
Исклучоци (за целата листа, повеќе информации во Стопанска банка АД - Скопје)
- Oбложување, недвижнини, банкарство, осигурување, или финансиско посредување, производство и/ или продажба на тутун и жесток алкохол
 - Оружје, производство, набавка и трговија и сите други активности кои се исклучени со политиките на ЕБОР
 - Обртен капитал, освен до нивото на потребите на соодветниот под-проект
 - Финансирање недвижнини за понатамошна продажба, финансирање за купување земјиште
 - Рефинансирање (или други преструктуирања) на постоечки кредит и кредитни операции за релевантните под-кредитокорисници
 - Без претходна писмена согласност од ЕБОР, било која активност наведена во Референтна листа во Додаток A во Политикатата за животна средина и социјала на ЕБОР, април 2019
 - Технологии кои вклучуваат горење, траснпорт или екстракција на јаглеродно интензивни фосилни горива како јаглен, масло за греење, или нафтени шкрилци.
 - Проекти во производство на нафта и гас, процесирање (вклучително и рафинирање), транспорт (пренос и дистрибуција), складирање и употреба за генерирање електрична енергија (друга, освен онаа за сопствено производство)
 - Производство на пластика за една употреба за потошувачка (не се однесува за медицинска употреба)
 

