header image header image

e-commerce

Општи информации


Електронска трговија (e-commerce)


Е израз на современиот начин на живење кој продажбата преку Интернет ја прави едноставна и достапна во секој дом, насекаде во светот.

Едноставноста во купувањето преку глобалните картични брендови Visa & MasterCard, достапноста во секој дом и на секое место како и релативно ниските трошоци за одржување (споредено со продажбата на физички локации) ја прават Интернет Трговијата најбрзо растечки бизнис во светски рамки кој континуирано бележи зголемување во секоја земја во светот.

  • Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка е наменет за правните лица кои имаат сметка во Банката (или планираат да отворат).
  • Сервисот на Стопанска Банка овозможува продажба на производи и услуги во земјата и светот преку платежните картички кои го носат брендот на Visa или MasterCard/Maestro.
  • Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка се карактеризира со исклучителна едноставност во техничката имплементација на веб страната на клиентите (правни лица) и високо ниво на техничка подршка.
  • Сервисот доаѓа во пакет со останатите професионални услуги на банката во делот на водењето на сметка, денарски и девизен платен промет и е-банкинг, како и детални извештаи за реализираните плаќања преку сервисот за електронска трговија.
  • Дел од активните e-commerce трговци кои го користат сервисот на Стопанска банка можете да ги погледнете тука.

Корисниците на сервисот за електронска трговија на својата веб страна задолжително треба да ги постават ознаките на VISA и MasterCard и логото на Стопанска банка.


Покрај можноста за склучување на договор со Стопанска Банка, сервисот за електронска трговија на Банката може да го користите и на посреден начин, преку реализирање на соработка со некоја од компаниите кои соработуваат со Банката и можат да ви понудат и изработка на комплетно веб решение за електронска трговија:

  • Компанијата iVote е комплетно решение за електронска трговија. Повеќе информации за реализација на соработката може да добиете на: contact@ivote.mk.
  • Во соработка со УКИОН, брзо и едноставно може да започнете со интернет продажба. Се е вклучено во цената на пакетите и поврзано со вашата сметка во Стопанска банка АД - Скопје. Повеќе информации на веб страницата: www.ukion.mk, e-пошта: info@ukion.mk или на +389 70/787-850.
  • Развивајте го вашиот бизнис и започнете со интернет продажба веднаш со помош на Serafimov Group. Повеќе информации на веб страницата serafimovgroup.mk или на 071/345-888

Поднеси барање

 


Доколку сте заинтересирани за користење на сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка, доволно е да пројавите интерес на e-mail: e-commerce@stb.com.mk



Пополнете го барањето и доставете го во испечатена форма со цел да ја забрзате постапката за отворање на ваша електронска продавница.

Барање

Општи правила и услови

 

 

BuySafe, PaySafe материјали од кампања

 

 

Знај го твојот производ.
Знај го твојот клиент.
Имплементирај безбедни начини за плаќање.
Користи доверливи системи за достава.
Чувај ги податоците да бидат безбедни.

Овие, и други корисни информации и совети од кампањата #BuySafePaySafe #SellSafe се достапни на линковите подолу.

Заедно со Еуропол, МВР и MRC од 10. 11. 2020 година одбележуваме недела на подигнување на свеста за измами при купопродажба на интернет.

 

 

 

Најчесто поставувани прашања

Подемот на електронската трговија во Северна Македонија настана токму со појавата сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка, како комплетно решение кое уште во самиот го препознаа и започнаа да го користат најголемите компании во оваа област. Токму затоа близу 50% од вкупниот промет во електронската трговија во земјата се реализира преку Стопанска Банка.

Заштедува време, овозможувајќи купување/плаќање/нарачка во било кое време (24/7) од било кое место во земјата или странство; Овозможува пласман на производите на целиот пазар во земјата, регионот или целиот свет; Овозможува поголема транспарентност и споредливост на карактеристиките на производите и услугите кои се продаваат/нудат; Овозможува пониски трошоци за продажба во однос на продажбата на производи и услуги преку физичка локација (продавница или претставништво), како и поедноставна администрација и можност за управување со залихите по принципот точно на време (just in time).

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.