header image header image

Платежни услуги со странство

Општи информации

Платежните услуги со странство претставуваат важен дел од меѓународниот платен промет и се од суштинско значење за трговијата, финансиите и личните трансакции.

Тие овозможуваат брз, сигурен и ефикасен трансфер на финансиски средства помеѓу физички и правни лица од различни земји.

Во Република Северна Македонија, платежните услуги со странство се регулирани од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), која воспоставува правила за девизниот промет, спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и за безбедноста на платниот систем.

Стопанска банка АД – Скопје работи согласно регулативата на НБРСМ и ги применува меѓународно прифатените SEPA и SWIFT стандарди.

Начини на извршување трансакции:

  • SEPA трансакции – За плаќања во евра кон земји кои се дел од SEPA шемата
  • SWIFT трансакции – За плаќања во евра и во валута различна од евро

Kаратеристики на SEPA кредитните трансфери се:

  • Извршување исклучиво во валута евра, кон земји членки на SEPA шемата и кон банки кои се регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.
  • SEPA кредитни трансфери се вршат ислучиво со трошок SHA (поделени трошоци)
  • Значително пониски надоместоци

Kаратеристики на SWIFT кредитните трансфери се:

  • Извршување на SWIFT кредитни трансфери во евра и валута различна од евра
  • SWIFT кредитниte трансфери може да бидат со трошоци SHA, OUR И BEN

Клиентот сам одбира дали плаќањето ќе се изврши како SEPA кредитен трансфер или SWIFT кредитен трансфер.

Регулативата за SEPA кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните SWIFT кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.

Совети за безбедни трансакции со странство:

  • Користете проверени и лиценцирани финансиски институции
  • Заштитете ги вашите лични податоци и информации за сметката
  • Потврдете ја веродостојноста на платежната сметка на вашиот деловен соработник

Приливни платежни трансакции

  • Примачот на средствата треба да поседува девизна платежна сметка во валутата на приливот.
  • Приливите се извршуваат ефикасно, на истиот ден кога настанува датумот на валута.
  • Банката го информира клиентот – примачот на средствата, на денот на валутата или најдоцна наредниот работен ден.
  • Постојат можности за распоредување на средствата во било која филијала на Банката, како и преку електронското банкарство (E-banking сервисот).

Согласно Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство, за приливните платежни трансакции се применува:

  • Постапка на директно одобрување, кога паричните средства се одобруваат директно на платежната сметка на примачот, без доставување документација.
  • Постапка на одложено одобрување, кога паричните средства се одобруваат на платежна сметка на примачот резидент по доставување на соодветни документи за следниве трансакции:
    • наплата на дивиденди и други добивки од вложување на резидентот во странство коешто има третман на директна инвестиција
    • повлекување влог од странство кое има третман на директна инвестицијa
    • продажба на хартиите од вредност или уделите во странство коишто имаат третман на директна инвестиција
    • наплата врз основа на издавање и воведување домашни хартии од вредност во странство
    • наплата врз основа на продажба на недвижност во странство во сопственост на резидент
    • наплата врз основа на издавање на недвижност во странство во сопственост на резидент
    • пренос на средства од платежната сметка на резидентот во странство на неговата платежна сметка кај давател на платежни услуги во земјата
    • наплата врз основа на продажба на хартии од вредност во странство коишто имаат третман на портфолио-инвестиции
    • наплата на износ еднаков или поголем од 100,000 евра


Приливните платежни трансакции се вршат преку:

  • SEPA шемата – За приливи во евра од земји кои се дел од SEPA шемата. Овие приливи се секогаш во евра и се со трошоци BEN (поделени трошоци)
  • SWIFT мрежа – За приливи во евра и валута различна од евро

Надоместок

  • SEPA шемата
    • До 500 ЕУР – 5 ЕУР
    • Од 500,01 – 12.500 ЕУР – 8 ЕУР
    • Од 12.500,01 – 50.000 ЕУР – 12 ЕУР
    • Над 50.000,01 ЕУР – 20 ЕУР
  • SWIFT мрежа
    • До ЕУР 50 без надомест
    • 0.10%, минимум ЕУР 5 + ЕУР 2 трошок

Документи за прилив

Одливни платежни трансакции

Одливни платежни трансакции


За кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство потребно е да имате:

  • За плаќање во странство потребно е плаќачот да има девизна платежна сметка во валутата во која се врши плаќањето
  • Клиентот поднесува на Банката уредни документи за плаќање согласно прописите за вршење на платежни услуги со странство
  • Извршување на платежната трансакција со странство истиот ден кога е примен платниот налог со датум на валута следен работен ден, согласно терминскиот план на налози
  • Брзо и ефикасно извршување на платежната трансакција со странство во сите филијали или преку Е-banking сервисот
  • Поради воспоставената широка мрежа на SWIFT - врски со банки од цел свет, клиентот избегнува дополнителни трошоци

Согласно Одлуката за начинот за извршување платежни трансакции со странство, за одливните платежни трансакции дополнитена документација е потребна за:

  • плаќање на дивиденди и други добивки од вложувања коишто се сметаат за директна инвестиција на нерезидент во Република Северна Македонија,
  • плаќање врз основа на продажба на вложувањето коешто се смета за директна инвестиција
  • пренос на остатокот од ликвидациската маса
  • плаќање врз основа на вложување во хартии од вредност во странство од страна на резиденти коишто имаат третман на портфолио-инвестиции
  • плаќање врз основа на купување недвижност во Република Северна Македонија во сопственост на нерезидент
  • плаќање на доход врз основа на издавање на недвижноста во сопственост на нерезидент
  • пренос на средства од платежна сметка на резидентот кај давател на платежни услуги во земјата на негова платежна сметка во странство
  • плаќања на капитални трансакции врз основа на извршна исправа и присилно плаќање врз основа на извршна исправа
  • плаќање на износ еднаков или поголем од 100,000 евра


Одивните платежни трансакции се вршат преку:

  • SEPA шемата – За плаќања во евра кон земји кои се дел од SEPA шемата. SEPA Кредитните трансфери се секогаш во евра и се со трошоци BEN (поделени трошоци)
  • SWIFT мрежа – За плаќања во евра, како и за трансакции во други валути. Овие кредитни трансфери може да бидат со трошоци:
    • SHA (поделени трошоци, односно секој го плаќа својот трошок)
    • OUR (сите трошоци ги сноси плаќачот)
    • BEN (сите трошоци ги сноси примачот на средствата)

Надоместок

SEPA шемата

  • Кредитен транфер во филијала
    • До 12,500 евра – 10 евра
    • Над 12,500 евра – 20 евра
  • Електронски кредитен трансфер
    • 10 евра

SWIFT мрежа

  • До ЕУР 50.00 без надоместок само SWIFT МКД 350
  • ЕУР 50.01-50,000.00: 0.27%, мин. ЕУР 4 + SWIFT МКД 350
  • ЕУР 50,000.01- 100,000.00: 0.25% + SWIFT МКД 350
  • ЕУР 100,000.01-500,000.00: 0.20% + SWIFT МКД 350
  • над ЕУР 500,000.01: 0.17% + SWIFT МКД 350

ОUR Трошок

  • До 2,500 ЕУР – 10 ЕУР
  • Од 2,500.01 – 12,500 ЕУР – 20 ЕУР
  • Од 12,500.01 – 50.000 ЕУР – 40 ЕУР
  • Над 50,000.01 ЕУР – 50 ЕУР

Документи за одлив

Останати дознаки и плаќања


Условени дознаки
  • Можност за извршување на условени дознаки со враќање на ист износ, исклучиво преку контокорентни банки на СБ
  • Провизија од 0.37% од износот на дознаката минимум МКД 1.100.00
Плаќања/Наплати за корисници во странски банки
  • Ефикасно извршување на плаќањата/наплатите поради отворените сметки во СБ на повеќе странски банки
  • Провизија од 0.10% од износот на дознаката минимум ЕУР 15.00 и
  • до ЕУР 50.00 без провизија само swift трошоци
Чекови влечени на странски банки
  • Провизија од МКД 3.000 однапред платени при превземањето на чекот + 3.00% од износот на чекот минимум мкд 1.000.00 по чек по наплатата на чекот

Документарни инкаса (Документи на откуп)
  • Квалитетна обработка на увозни и извозни:
    • менични инкаса
    • документарни инкаса
    • Правовремено извршување на плаќањето/наплатата по инкасата
Провизија
  • Авизирање на инкасо по видување 0.22% од износот минимум МКД 1.200
  • Авизирање на инкасо со доспевање 0.30% од износот минимум МКД 1.200
  • Наплата на инкасо 0.10% од износот минимум МКД 400
  • Плаќање на инкасо
    • ЕУР 1-50.000: 0.27%
    • ЕУР 50.000,01- 100.000: 0.25%
    • ЕУР 100.000,01-500.000: 0.20%
    • над ЕУР 500.000,01: 0.17% минимум МКД 250
  • Протестирање на инкасо 0.50% од износот минимум МКД 3.000 плус нотарски трошоци
  • Врачување на документи без плаќање МКД 1.200

Термински план

Термински план за извршување на платежни трансакции со странство во Стопанска банка АД - Скопје

 

 

Прием на платежни трансакции

Извршување на платежни трансакции

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден од 8:30 до 14:00 часот

во текот на работниот ден

Електронски платежни трансакции

Секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот

во текот на работниот ден

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден по 14:00 часот

во текот на следниот работен ден

Електронски платежни трансакции

Секој работен ден по 15:00 часот и неработни денови во текот на следниот работен ден

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.