КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

    31.01.2019

     

    Известување за провизии за сметки во CHF

     

    Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје, воведува надомест за водење на сметките на фиизчки лица во CHF (швајцарски франци), во висина од 5CHF месечно.
    За детален увид во актуелните надоместоци, обратете се во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата на Банката (во тарифна точка 58.68).

    Секако, како клиент на Банката го задржувате своето право и можност да го уредите или измените деловниот однос со Банката за што може да добиете совет и насоки од одговорните лица во нашите филијали.

    Стопанска банка АД - Скопје

     

     

    29.01.2019

    Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување


    Во годината која Стопанска банка АД – Скопје го одбележува својот 75 годишен јубилеј започна банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.
    Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

     

     

    18.01.2019

     

    Соопштение за неработен ден - 19.01.2019 Богојавление (Водици)

     

    Почитувани клиенти,
    Ве известуваме дека по повод празникот Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 19.01.2019 (сабота).

     

    03.01.2019

     

    Соопштение за исплата на пензии од 1-ви февруари 2019 год.

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека со почеток од 1-ви февруари 2019, Стопанска банка АД – Скопје почнува да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје.  

     

    28.12.2018

     

    Донација од Синдикатот на Стопанска банка АД - Скопје

     

    Почитувани,

     

    Сакајќи да ги разубавиме новогодишните празници, Синдикатот на вработените од Стопанска банка АД – Скопје денеска организираше новогодишна забава во Центарот на родители на деца со церебрална парализа. Дедо Мраз на децата им подели 100 новогодишни пакетчиња заедно со претставниците на Синдикатот. Насмевките кои ги споделивме посакуваме да останат во текот на новата година


    #СонувамеМенуваме #СТБТим

     

    28.12.2018

     

    Соопштение за работно време на филијалите

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 01.01.2019 (вторник) и 07.01.2019 (понеделник). На 02.01.2019 (среда) сите филијали на Банката ќе работат до 16 часот.

     

    28.12.2018

     

    Известување за работно време на филијалите 31.12.2018

     

    Почитувани клиенти,


    Ве известуваме дека на ден 31.12.2018 (понеделник), филијалите на Стопанска банка АД – Скопје ќе работат до 16:00 часот.
    На располагање ги имате i-bank услугите достапни преку телефон, m-banking, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка.

     

    26.12.2018

     

     

    Известување за каматните стапки на трансакциски и штедни сметки

     

    Ве известуваме дека во примена од 01.01.2019, Стопанска банка АД – Скопје, ги намали каматните стапки за позитивната состојба на трансакциските и на штедните сметки, при што на позитивното салдо, Банката пресметува и исплатува камата по каматна стапка од 0,00% годишно на трансакциските сметки и 0,0001% годишно на штедните сметки.

     

     

    21.12.2018

     

     

    Известување

    до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД - Скопје

     

     

    Врз основа на член 26 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 339 / 15.12.2016 година), Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје, на 44-та седница оддржана на 12.12.2018 година, а врз основа на Одлуката за усвојување на ревидираните Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за првото полугодие од 2018 година (С.О.бр. 373 / 12.12.2018 година), донесе Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за обични акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 376 / 12.12.2018 година) и Одлука за верификација на Одлуката на Надзорниот одбор за начинот на пресметување и исплата на аванс на дивиденда за приоритетни акции на СБ за првата половина на 2018 година (С.О. бр. 375 / 12.12.2018 година).

    Врз основа на горенаведените одлуки, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши исплата на аванс на дивиденда за обичните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од
    73 денари по акција и аванс на дивиденда за приоритетните акции за првата половина од 2018 година во бруто износ од 5 денари по акција.

     

     

    15.12.2018

     

    „Сонуваме. Менуваме.“ го има своето трето издание

     

     

    Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го објавува почетокот на третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прераснува во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.
     
    На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредуваат едночасовно шоу во кое вклучени се повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваат програмата и рамноправно со актерската екипа гласно и недвосмислено ја промовираат инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.

    Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ се одржуваат во МОБ со овој распоред:

    •    Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
    •    Недела 16.12 од 11 и од 14 часот

    11/12/2018

     

    ОГЛАС

    (реф бр. 21-12/2018)
        за продажба на недвижен имот на Стопанска банка АД – Скопје

     


    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот  имот:


    1. Административен простор во Виница (дел од зграда на филијала Виница) со површина од 643м2 (01+02+03+04кат) за минимална/почетна цена од 132.000 ЕУР;
    2. Моторно возило - Mitsubishi lancer 1.5 Invite, година на производство 2009 година, со поминати околу 90.000 км (возилото е лоцирано во Olympia motors) за минимална/почетна цена од 1.990 ЕУР;
    3. 2 (две) деловни простории во Гостивар (во близина на Автобуска станица) со вкупна површина од 54м2 на ул.Гоце Делчев бб за минимална/почетна цена од 24.000 ЕУР;
    Напомена: дел.простории се продаваат и поеднично, но предност при одлучување ќе имаат понудите за купување на двата деловни простории.
    4. Спрат од куќа во Битола на ул.Караорман бр.15 со вкупна површина од 93м2 (1кат) за минимална/почетна цена од 14.000 ЕУР;
    5. Куќа во с.Здуње, Гостивар со површина од 343м2 и земјиште од 542м2 за минимална/почетна цена од 55.000 ЕУР
    Во цената на имотот под точка 1 и 3 не е вклучен  ДДВ од 18% кој го плаќа Купувачот.

     

     

    10.12.2018

     

    Привремената недостапност на i-bank сервисите е надмината

     

    Почитувани,

     

    i-bank сервисите на Банката се комплетно достапни. Се извинуваме за непланираниот застој во соработката и ви благодариме на разбирањето и трпеливоста.

     

    Стопанска банка АД - Скопје

    На ваша страна

     

     

     

     

    08.12.2018

     

    Соопштение за неработен ден - Св. Климент Охридски

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека по повод државниот празник Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД Скопје нема да работат на 08.12.2018 (сабота).

     

     

    07.12.2018

     

    Најава за надградба на систем на 08.12.2018

     

    Почитувани,

     

     

    Стопанска банка АД - Скопје на ден 08.12.2018 (сабота) ќе изведе редовна надградба на дел од системите, што ќе се одрази на достапноста на некои од нашите сервиси: e-banking, m-banking и телефонско банкарство. Со оглед на тоа што станува збор за државен празник и неработен ден за платниот промет во Македонија, веруваме дека влијанието на прекинот врз управувањето со личните и деловните финансии ќе биде минимално.

     

    Секоја надградба овозможува подостапни и понапредни услуги за нашите клиенти во иднина, затоа ви благодариме на разбирањето и трпеливоста. 

    За дополнителни информации достапен е 24/7 контакт центарот на (02)3100 109.

     

    Стопанска банка АД - Скопје

    На ваша страна

     

     

     

     

     

    04.12.2018

     

    Трето издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
    “Заедно сонуваме и менуваме, за подобар свет, за сите„

     

    Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува третото издание на „Сонуваме.Менуваме“,  настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ ќе биде уште поголемо доживување кое ќе се памети.
     

     

     

     

     

    03.12.2018

     

    Отворен ден со Секторот за кадри

     

    Почитувани студенти, дипломци, амбициозни и љубопитни млади. Стопанска банка АД - Скопје ве повикува на првиот HR OPEN DAY во организација на Секторот за кадри и тимот од i-bank store на ден среда, 05.12.2018 од 10 до 17 часот.

    Во нашата i-bank store филијала ќе имате можност да разговарате со нашите искусни HR професионалци и да дознаете што очекуваме од нашите идни вработени, како да се презентирате себеси на хартија и на интервју, кои се потребните вештини и знаења без кои еден дипломиран економист не смее да аплицира за работа.

    Понесете со себе примерок од CV, мотивационо писмо и прашања на кои вие сакате да добиете одговор, нашите колеги ќе ве пречекаат во опуштена атмосфера, без притисок и ќе ви помогнат да бидете подобро подготвени и со поголема самодоверба на следното интервју за пракса или работа.

     

    Стопанска банка АД - Скопје

    На ваша страна

     

     

     

     

    6.11.2018

     

    Одржавме online shopping маратон со нашите клиенти

     

    Во насока на поголема промоција на користењето на сервисот електронска трговија (e-commerce) како и инспирирани од најголемите e-commerce настани BlackFriday и CyberMonday, Стопанска банка  АД – Скопје организираше настан под името „Cyber Monday во i-bank store” за своите клиенти на 26ти ноември во периодот од 15 до 18 часот.

    Дополнително, настанот имаше за цел да се поттикнат клиентите, корисници на платежнио картички, да купуваат онлајн затоа што со настанот направивме еден вид едукација за тоа колку брзо и едноставно може да се одвива целиот процес на купување и плаќање онлајн и секако колку е овој процес побезбеден со оглед на тоа што сите платежни картички на Стопанска банка се со 3D Secure стандарди за безбедност.

     

     

    26.11.2018

     

    Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ - најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

     

    О Г Л А С И за прием на работници во Скопје:

    Администратор на бази на податоци и апликации и Аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија

    (2 работни места)

     

    20.11.2019

     

    Cyber Monday @ i-bank store

     

    Почитувани online купувачи и почитувачи на Black Friday/Cyber Monday и другите глобални шопинг лудила…

     

    Стопанска банка АД – Скопје одлучи да организира свој сопствен online shopping настан со цел промоција на e-commerce кај локалните трговци, но и за зголемување на навиката за купување online од страна на корисниците на нашите 3D Secure платежни картички.

    16.11.2018

     

    Соопштение за надградба на системите на СБ - 19.11.2018

     

    Почитувани,


    Стопанска банка АД - Скопје во склоп на редовните надградби на информатичката технологија со која располага, најавува дека на 19.11 во раните утрински часови по 2 часот може да се соочите со краткотрајна недостапност на некои од нашите сервиси: POS терминали кај трговци, АТМ-и веб сервиси и сл.

    О Г Л А С

    (реф.19-11/2018)

     

    Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на:

     

    Недвижен имот (спроти трговскиот центар Skopje City Mall) на ул. Лондонска 2А, Скопје (согласно ДУП запишан како хотелски комплекс, одлука бр. 09-83/03 од 05.01.2016) лоциран на КП 1502/2 и КП 1502/10 за КО Карпош со вкупна површина од 1862м2 согласно Имотен лист бр.20466 и Имотен лист бр.40138, како и земјиште под објект со површина од 665м2 и двор со површина од 886м2, согласно Имотен лист бр.53125 и Имотен лист бр.53126.

     

     

    03.11.2018

     

    Оглас за прием на работно место Директор на филијала Струга и Директор на филијала Охрид (2 работни места)

     

    Директорот на Филијалата, како претставник на Банката во локалната заедница за примарна цел има обезбедување високо ниво на услуга и соработка со клиентите. Во своето делување Директорот пред се, се раководи од законската регулатива и интерните процедури во доменот на работењето на Банката. Се грижи за работната атмосфера и делува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на тимот. Раководи со свој личен позитивен пример и го поттикнува тимот за лична надградба, но и за иницијативност во подобрување на целокупното работење во Филијалата и споделување на информации за пазарните движењата во окружувањето. Одговорен е за воспоставување на редот во Филијалата.

     

     

     

    31.10.2018

     

     

    Светски ден на штедење - 31. Октомври

     

     

    Стопанска банка АД - Скопје испраќа честитки до сите клиенти кои, преку совесно управување со личните финансии, заштедуваат и создаваат подобра иднина за себе и за своите семејтсва.

    Светскиот ден на штедењето е прилика да се потсетиме на корисните аспекти на штедењето и повеќекратните бенефити како за физичките лица и за банкарскиот сектор така и за целокупната економија. Со креирање на солидна депозитна база, банкарскиот систем располага со средства со кои дава поттик на стопанството и креирањето на работни места што пак создава простор за дополнителни заштеди. На тој начин овој комплетен круг работи во взаемен интерес и е предуслов за безбедна и просперитетна иднина. Според г-а Анита Ангеловска - Бежовска, Гувернерката на НБРМ, во последните 10 години вкупните депозити растат во просек 8% годишно што придонесе кон постигнување на ниво на депозити од 55% од БДП во 2017та година.  Порастот е знак за високата доверба на граѓаните во банкарскиот сектор, којшто во целиот овој период остана здрав, стабилен, високо капитализиран и ликвиден.

     

     

     

     

    29.10.2018

     

     

    ОГЛАС за продажба на недвижен имот на Стопанска банка АД – Скопје
    (реф бр. 18-10/2018)

     

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот лоциран во Гостивар, и тоа:
    - деловен простор на ул.Б.Јованоски бр.25 во Гостивар лоциран на КП 4606 дел 1 кат приземје запишан во Имотен лист бр.102392 за КО Гостивар-2 со вкупна површина од 142м2 за минимална/почетна цена од 450.000 ЕУР.             

     

    Во цената на имотот не е вклучен  ДДВ од 18% кој го плаќа купувачот. Данокот на промет на недвижност, како и сите трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.


    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди. Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит. Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
    Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени коверти, од кои што едниот коверт (помалиот) треба да биде затворен во другиот коверт (поголемиот) при што:

     

     

     

     

    19.10.2018г.

     

    Соопштение за неработен ден - 23.10.2018 (вторник)

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на македонската револуционерна борба, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 23.10.2018 (вторник)

     

     

    09.10.2018

     

    Соопштение за неработен ден - 11ти октомври (четврток)

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на народното востание, филијалите на Стопанска банка АД – Скопје нема да работат на 11.10.2018 (четврток).

     

     

     

     

    05.10.2018

     

    VISA VERO КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА И ВЕРО ЛОЈАЛНАТА КАРТИЧКА СОВРШЕН ПАР ЗА ШОПИНГ


    Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најголемо картично портфолио на пазарот во соработка со ВЕРО маркетите, ви нудат единствена можност за заштеда при користење на VISA VERO кредитните картички во пар со ВЕРО лојалната картичка.


    VISA VERO кредитната картичка е единствената картичка која секој месец ви дава можност за заштеда од секое пазарење во ВЕРО маркетите, во износ од неверојатни 4.5% и тоа:
    •    3.5% од вредноста на трансакциите направени во маркетите на ВЕРО и
    •    1% од вредноста на ВЕРО картичките за лојалност

     

     

     

     

     

     

    07.09.2018

     

    Соопштение за неработен ден, 08.09 сабота

     

    Почитувани,

     

    Ве информираме дека по повод претстојниот државен празник - Ден на независноста, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на ден 08.09.2018 (сабота).

    На располагање ви остануваат i-bank услугите достапни 24/7 (e-banking, m-banking, phone banking), банкоматите како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат платежните картички од Стопанска банка.

     

    Вработените и менаџментот на Банката ви го честитаат празникот.

     

    Стопанска банка АД - Скопје

    На ваша страна

     

     

     

     

    03.09.2018

     

     

    Соопштение за надградба на e-banking сервисот на 03.09.2018 

     

     

    Почитувани,

     

    Ве информираме дека во текот на денешниот ден 03.09.2018, Банката ќе врши надградба на e-banking системот што ќе предизвика отежнат пристап до некои од функционалностите на i-bank услугите на Банката. Достапни на користење Ви остануваат нашата мрежа на филијали и банкомати, како и нашиот Контакт Центар 02/3100-109. Ви благодариме на разбирањето.

     

     

     


     

     

     

    27.08.2018

     

    28.08 (вторник) неработен ден за филијалите на Банката

     

    Почитувани,

    по повод празникот Пресвета Богородица ве известуваме дека филијалите на Банката нема да работат на ден вторник, 28.08.2018.
    На располагање ги имате i-bank услугите достапни 24/7, банкоматите и платежните картички прифатени во широката трговска мрежа.

    Вработените на Банката ви го честитаат празникот.

    Стопанска банка АД - Скопје

    На ваша страна