Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на преземен имот
04. 05. 2026
Оглас (реф. бр.2-05/2026) за продажба на преземен имот на Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
1. 2(две) куќи во Гостивар во заеднички двор со површина од 196м2, односно од 139 m² на ул. „Васил Василевски“ бр. 9 за минимална/почетна цена за 208.000 ЕUR,
2. Производни хали во Битола (поранешна текстилна фабрика „Родон“) Индустриски пат КО Битола, и тоа:
2а) Згради бр: 5, 7, 8, 12, 13, 15, 16, 17, 20, 24, сите во вкупна површина од 3696 m² согласно Имотен лист бр. 50759 и бр.70776 за минимална/почетна цена од 253.000 ЕUR
2б) Зграда 6 со површина од 5.052 m² согласно ИЛ бр. 50759 за минимална/почетна цена од 677.000 ЕUR.
Земјиштето под и околу објект е на РСМ.
Напомена: Предност при купување ќе има понудувачот кој ќе достави понуда за имотот под 2а и 2б како пакет.
3. 2 (две) деловни простории во Битола на ул. „Јадранска“ со вкупна површина од 68 m² (ПР) за минимална/почетна цена од 32.500 ЕUR,
4. Фарма во с. Тркање, Кочани запишана во ИЛ 1157 за КО Тркање со вкупна површина од 595 m² со земјиште од 2.783 m² за минимална/почетна цена од 36.000 ЕUR,
5. 2(две) куќи во Битола на ул. „Кленоец“ бр. 67, запишани во ИЛ 12300 за КО Битола 3, со површина од 88 m² (ПР+01), односно 28 m² (ПР) за вкупна минимална/почетна цена од 16.900 ЕUR,
6. Спрат од куќа (приземје) во населба Шуто Оризари со површина од 87 m² на ул. „Јури Розентал„ бр. 4А за минимална/почетна цена од 21.900 ЕUR.
Продажбата на имотот се врши по принципот видено-купено, без дополнителни приговори за какви било физички или правни недостатоци на имотот. Со уплата на депозит за лицитацијате, се смета дека понудувачите се запознаени со правните недостатоци на овој имот и ги прифаќаат.
Во цената на имотите под точка 2, 3 и 4 не е вклучен ДДВ од 18 % и тој го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Недвижниот имот се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставувањето на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за неа да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од коишто едниот плик (помалиот) треба да биде затворен во другиот плик (поголемиот) при што:
- Поголемиот плик треба читко да биде адресиран до: Стопанска банка АД - Скопје – Служба за управување со имот, на ул. „11 Октомври“ бр. 7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големиот плик да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централниот регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација. - На помалиот плик да биде напишано „ПОНУДА - НЕ ОТВОРАЈ“, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18 %;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесувањето на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕUR; 5 % за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕUR и 150.000 ЕUR и 20 % од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕUR.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот откако ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на еврото пресметана според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е до 08.05.2026 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-487, 02/3295-283 , 02/3295-280
Стопанска банка АД - Скопје

