КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

    08.05.2018

     

    Соопштение за надградба на e-banking сервисот 08/05/2018

     

     

    Почитувани клиенти,

     

    Би сакале да Ве информираме дека Банката планира надградба на e-banking системот на 08/05/2018 од 21 часот што ќе предизвика отежнат пристап до i-bank услугите на Банката

    08.05.2018

     

    Интервју на Генералниот Извршен Директор г-динот Диомидис Николетопулос

     

    Интервјуто за неделниот весник Капитал, од г-динот Диомидис Николетопулос може да го прочитате тука.

    30.04.2018

     

    Извлечени добитниците од годишната анкета на СБ - 2018

     

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ги извлековме добитниците кои учествуваа и комплетно ја одговорија годишната анкета на Стопанска банка за 2018 година. Ова се среќните добитници:

     

    20.04.2018

     

    PEPPER - интерактивниот хуманоиден робот беше во посета на Стопанска банка АД - Скопје, во соработка со MasterCard на 19 Април @i-bank store


    Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа ни претставува големо задоволство што имавме можност да бидеме домаќини на интерактивниот хуманоиден робот Pepper на Стопанска банка АД – Скопје во обид да ги презентираме предностите на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена. 

    17.04.2018

     

    Сектор за внатрешна ревизија: Оглас за вработување

     

    Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.

    05.04.2018

     

    Пролетна кредитна понуда

     

    Почитувани клиенти,

     

    Со почетокот на месецот, Стопанска банка АД – Скопје на пазарот излезе со следните 3 кредитни производи со промотивни атрактивни понуди

     

    05.04.2018

     

    Соопштение за неработни денови - Велигден 2018

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ве известуваме дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 06.04.2018 (петок) и 09.04.2018 (понеделник).

     

    30.03.2018

     

    Оглас за продажба на имот

     

    ОГЛАС
     

    (Реф бр. 6-03/2018)

    Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :

    Деловен објект (населба Капиштец, спроти Трговскиот Центар „Зебра”) на ул.Васил Ѓоргов 11, Скопје, лоциран на КП 536/1 за КО Центар 2 со вкупна површина од 4091м2 согласно Имотен лист бр.58830, како и земјиште под и околу објект со поврпина од 2856м2.

     

     

     

    28.03.2018

     

    Огласи за вработување во Сектор за информатичка технологија

     

    1. Огласот за вработување на Аминистратор на бази на податоци и апликации може да го отворите тука.

    2. Огласот за вработување на Администратор на картичен систем може да го отворите тука.

    3. Огласот за вработување на Администратор на систем може да го отворите тука.

    4. Огласот за вработување на аналитичар / програмер може да го отворите тука.

     

    21.02.2018    

    Оглас за продажба на имот
     

    (реф бр. 3-02/2018)за продажба на недвижен имот  на Стопанска банка АД – Скопје

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот  имот:

    1.Недвижен имот во Неготино лоциран во м.в Милуа со вкупна површина од 1962м2 и земјиште (двор земјиште под објект) со вкупна површина од 9608м2 запишани во Имотен лист 1041 за КО Пепелиште за минимална/ почетна цена од 300.000ЕУР.
    Напомена: Стопанска банка АД-Скопје превзема обврска за обезбедување на фактичко владение на имотот.

     

    13.02.2018

     

    Оглас за вработување

     

    Огласот за вработување може да го погледнете тука.

     

    05.02.2018

     

    Оглас за продажба на имот

     

    Оглас
     

    (реф бр. 2-02/2018)

    за продажба на недвижен имот  на Стопанска банка АД – Скопје

    Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот  имот:

     

    01.02.2018

     

    Оглас за продажба на имот


    ОГЛАС

    (Реф бр. 1-02/2018)

     

    Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :

     

    Недвижен имот (спроти Трговскиот Скопје Сити Мол) на ул.Лондонска 2А, Скопје (согласно ДУП запишан како хотелски комплекс, одлука бр. 09-83/03 од 05.01.2016) лоциран на КП 1502/2 и КП 1502/10 за КО Карпош со вкупна површина од 1862м2 согласно Имотен лист бр.20466 и Имотен лист бр.40138, како и земјиште под објект со површина од 665м2 и двор со површина од 886м2, согласно Имотен лист бр.53125 и Имотен лист бр.53126.

     

     

    30.01.2018

     

    MasterCard кредитна картичка со 0% замрзната каматна стапка до крајот на април

     

    Стопанска банка АД - Скопје започна со промоција за новоиздадени MasterCard кредитни картички и за сите кои ќе ја искористат промотивната понуда обезбеди замрзната каматна стапка од 0%  за сите трансакции направени во трговија, шалтер или на банкомат до крајот на април.

    Предностите на MasterCard кредитната картичка, што ја прават привлечно решение за секојдневни трансакции и поголеми плански трошења се следните:

    • Moжност за купување на рати БЕЗ КАМАТА (од 2 до 36 рати) ширум големата мрежа на трговци партнери на Банката

    • Го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) за интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот

    • Можност за минимално месечно плаќање само 3% од вкупниот долг

    • Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот

    • Без провизија при плаќање во трговската мрежа

    • Бројни промоции за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница

     

     

     

     

    17.01.2018

     

    Соопштение за неработен ден  - 19.01.2018 (петок)

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека по повод престојниот празник – Богојавление (Водици), филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 19.01.2018(петок).

     


     

    16.01.2018

     

    Известување за m-banking на Windows mobile

     

    Почитувани клиенти,

     

    Ве информираме дека Стопанска банка во иднина нема повеќе да ја развива својата m-banking апликација на Windows mobile. Согласно трендовите и згаснувањето на Windows како мобилна платформа, ќе се насочиме кон подобрување и дополнителен развој на нашата апликација на најпопуларните оперативни системи Android и iOS.

     

    28.12.2017

     

    Соопштение за неработни денови - Новогодишни и Божиќни празници

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека по повод Новогодишните и Божиќните празници, филијалите на Стопанска банка АД –Скопје нема да работат на 01.01.2018 (понеделник), 06.01.2018 (сабота) и 08.01.2018 (понеделник).

     

     

    29.12.2017

     

    Известување за ненадеен прекин на i-bank услугите

     

    Почитувани клиенти,

     

    Нашиот тим се соочи со ненадеен прекин на i-bank услугите и работи на брзо отстранување на проблемот. Поради прекинот, минути недостапни се e-banking, m-banking и phone banking услугите на Банката.

    По надминување на состојбата, сервисите повторно ќе бидат достапни 24/7.

     

     


     

    27.12.2017

     

    Оглас за вработување - 27.12.2017

     

    Почитувани,

     

    Огласот за вработување може да го погледнете тука.

     

     

    22.12.2017

     

    Промена на надоместок за плаќање режиски трошоци  

     

    Почитувани клиенти, 

    Ве известуваме дека од 02.01.2018 година Стопанска Банка АД – Скопје (СБ) воведува надоместок за плаќање на режиски трошоци (сметки за: струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (на пример: телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на СБ. Овој надоместок се однесува за плаќање на сметки/фактури на физички лица корисници на овие услуги, и тоа:

     

     

     

    19.12.2017



    Второто издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ заврши со БЕНГ!

    Со задоволството на сите учесници и на сите посетители, петте инклузивни концерти во рамки на „Сонуваме.Менуваме.“ со омилениот детски состав „5+ фамилија“ завршија и оставија зад себе сеќавања на добрата атмосфера, музиката, магијата, но и создадоа природна и ненаметлива подлога за инклузија на децата со посебни потреби.


    Целта на оваа општествено одговорна активност беше на најмладите да им покаже како изгледа инклузијата, прифаќањето и разбирање. А таа цел беше реализирана преку пораката дека пријателството е најлесната работа на светот доколку пристапиш без предрасуди, со широко отворено срце и ги прифатиш разликите.


    Додека Петко, главниот лик во претставата ја бараше петтата страна на светот (пријателството), децата уживаа во богатите музички, магични, театарски точки и учеа како може да се биде пријател со секого. Концертите за поголем ефект, завршуваа со песната „Земја“ која минатата година беше инспирирана од овој настан и со одлична музичка подлога помага за промоција на пораката за инклузија.

     

     

     

    15.12.2017

     

    Почна второто издание на „Сонуваме.Менуваме“

     

    Во преполната сала на Македонската Опера и Балет во 18 часот почна второто издание на „Сонуваме.Менуваме“ со инклузивните концерти на 5+ фамилија. На разиграната сцена богата со визуелни елементи, омилените ликови од серијата заедно со децата од асоцијациите подготвија незаборавен спектакл кој покрај добрата забава за сите присутни понуди и нови искуства и сознанија за децата со посебни потреби, нивните амбиции, желби, можности и соништа. Фотографиите од сите 5 концерти ќе бидат достапни на Facebook страницата на Банката.

     

    Во својата заложба континуирано да им помага на децата, Стопанска банка АД - Скопје вчера ги презентираше и проектите кои оваа година ќе добијат грантови за остварување на предложените проекти. До Банката стигнаа 31 барање што е значително повеќе од минатата година. Комисијата за спонзорства и донации при Стопанска банка АД - Скопје објективно се произнесе избирајќи 12 асоцијации од повеќе градови на Македонија, на кои целосно или делумно ќе им финансира реализација на предложените проекти.

     

     

    05.12.2017

     

    Соопштение за неработен ден  - 08.12.2017 (петок)

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Св. Климент Охридски, филијалите на Стопанска банка АД - Скопје нема да работат на 08.12.2017(петок).

     


     


     

     

    05.12.2017 г.

    Второ издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“
    општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
    „Заедно можеме да создадеме поубав свет“

    Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството.
     
    На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава во која интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.

    Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:

    •    Петок 15.12. од 18 часот
    •    Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот
    •    Недела 17.12 од 11 и од 14 часот

     

     

    04.12.2016

     

    "WE DREAM.WE CHANGE"

    a corporate responsible project of Stopanska banka AD - Skopje "Together we can create a beautiful and wonderful world"

     
    Stopanska banka AD - Skopje is pleased to announce a new socially responsible project under the name "We dream. We change" which was realized today 04.12.2016 (Sunday) in MOB at 11am. The event is dedicated to the children from Macedonia with disabilities and helps to mark the International Day of Persons with Disabilities and special needs. This project is realized with children of different ages and with different disabilities, together with their friends and families, with Kaliopi and 5+ Band, which performed on the stage of MOB in order to present their capabilities and creative potential. Stopanska banka AD - Skopje during the preparation of the event was in intensive communication and cooperation with associations of parents of children with disabilities, which will provide support for the long-term projects.

     

    29.11.2017

     

    Оглас за продажба на имот

     

    О Г Л А С

    (Реф бр. 19-11/2017)

     

    Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :

     

    - Административно-деловен простор во Струга кој се наоѓа на ул. Маршал Тито бр.54, лоциран на КП 1710 дел 7, кат 1, за КО Струга со вкупна површина од 256м2, за минимална почетна цена од 190.800 ЕУР;

    - Објекти во Охрид (во комплексот од живинарската фарма Гица) што се наогаат на ул.Железничка, лоцирани на КП 8778/10 за КО Охрид 2 и тоа: зграда 2, намена на зграда Б4, влез 1, кат ПР, намена на дел ДП, површина 368 м2 и зграда 3, намена на зграда Б4,  влез 1, кат ПР, намена на дел ДП, површина 121 м2 за минимална почетна цена од 155.000 ЕУР; 

    - Недвижен имот лоциран во Виница со вкупна површина од 2.796 м2, запишан во ИЛ 7958 и ИЛ 7959 за КО Виница за минимална почетна цена од 150.000 ЕУР.

     

     

    15.11.2017

     

    Оглас за продажба на имот во Струга 


    (Реф бр. 17-11/2017)

    Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :
    Административно-деловен простор кој се наоѓа на ул. Маршал Тито бр. 54, Струга лоциран на КП 1710 дел 7, кат 1, за КО Струга со вкупна површина од 265м2, а согласно Имотен лист бр. 101174. 
                      
    Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација со прибирање на затворени писмени понуди за минимална почетна цена од 190.800 ЕУР.
    Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.
    Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на купувачот.

     


     

     

    07.11.2017

     

    ЕСЕНСКИ ПРОМОЦИИ НА КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ

     

    И оваа есен, Стопанска банка АД - Скопје креираше понуда за повеќето кредитни производи со што клиентите имаат можност да го изберат најдоброто решение за својот семеен буџет.

     

    Доколку е потребна нова кредитна картичка, тука е VISA Vero кредитната картичка која за сите кои ќе поднесат барање до 05.12.2017 и до 15.12.2017 ќе направат минимум 5 трансакции подарува новогодишен ваучер од 500денари. Секако, картичката продолжува да наградува и во останатиот период преку месечниот попуст за бесплатно купување во Веро или Џамбо а кој се генерира како износ од 3,5% од сите трансакции направени во ВЕРО и во Џамбо како и 0.5% од сите останати трансакции во месецот.


    За оние кои планираат посериозни проекти,

     

     


     

    31.10.2017

     

    Известување за воведување на надоместок за повлекување на готовина од шалтер

     

    Почитувани клиенти,

    Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје од 20.11.2017 година воведува надоместок за повлекување на готовина во МКД од шалтерите на СБ, во висина од 20,00 денари по поединечно повлекување на готовина од страна на клиентот без оглед на висината на подигнатиот износ.

    Повлекување на готовина од распространетата мрежа на банкомати на Банката останува без провизија за корисниците на дебитни картички а на клиентите на располагање им се и 24/7 i-bank услугите за кои Банката постојано развива нови решенија и функционалности.

     

     

    30.10.2017

     

    ПРОДАЖБА НА ИМОТ - реф. број 15-10/2017

     

    Стопанска банка АД - Скопје огласува на продажба имот. Деталите за продажбата се достапни на овој линк.

     

    Стопанска банка АД - Скопје
    На ваша страна