Новости
Соопштенија
Г-а Чапаровска - Јовановска именувана за Генерален директор за банкарство на мало
27.4.2026
Г-а Чапаровска - Јовановска именувана за Генерален директор за банкарство на мало
Стопанска банка АД – Скопје со задоволство објавува дека г-ѓа Милица Чапаровска Јовановска е повторно именувана за член на Управниот одбор на позицијата Генерален директор за банкарство на мало.

Г-ѓа Чапаровска Јовановска е искусен банкарски професионалец со повеќедецениско искуство во иновации на производи, сегментација и комуникации. Таа е дел од Управниот одбор на Стопанска банка од 2013 година и има клучна улога во градењето и одржувањето на силната позиција на Банката во сегментот на банкарство на мало.
Одлуката за продолжување на мандатот, како и одобрената четиригодишна лиценца од Народната банка, доаѓаат во значаен момент за Банката, во период кога го забрзуваме процесот на трансформација и дополнително го унапредуваме корисничкото искуство и понудата на производи во сегментот на банкарство на мало.
Нејзиното лидерство и искуство се од суштинско значење за одржување на перформансите и реализација на нашите стратешки приоритети.
Стопанска банка
На ваша страна

