Новости
Соопштенија
Отворена новата централна филијала „Гранд“
26.5.2026
Отворена новата централна филијала „Гранд“
Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Банката ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, со овој нов објект отвораме ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.
Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно соремено банкарско искуство. Со впечатлив ентериер, топла и пријатна атмосфера и концепт што поттикнува природна и непосредна комуникација меѓу клиентите и вработените, се создава амбиент во кој клиентите се чувствуваат добредојдено и удобно уште при првиот чекор.
Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица. Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор каде клиентите можат да добијат поддршка и практична обука за користење на бесплатните АТМ услуги на Банката. Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати, овозможувајќи им на клиентите брз и едноставен пристап до основните банкарски услуги во секое време.
Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории. На овој начин, клиентите на Стопанска банка на едно место добиваат комплетна финансиска услуга - од секојдневно банкарство до инвестициски и брокерски активности.
- Нашата цел беше да создадеме простор кој нема да биде само класична банкарска филијала, туку место каде што клиентите ќе се чувствуваат добредојдено, пријатно, ќе добијат персонализирана услуга и ќе можат полесно и побрзо да ги користат современите банкарски решенија. Новата централна филијала е одраз на тоа како ние во Стопанска банка го гледаме и практикуваме модерното банкарство - отворено, достапно и ориентирано кон потребите на клиентите и современите трендови – изјави Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали.
Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.

