header image

Успешно и десеттото издание на „Вози право, вози здраво“

8.6.2026

 

Успешно и десеттото издание на „Вози право, вози здраво“

 

Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека станува збор за еден од нашите најомилените и најмасовните настани во земјата.
Јубилејната десетка беше одбележана на начин што долго ќе се памети. Во преполниот Градски парк, 10.000 учесници заедно со групата „Допамин“ го приредија најголемото караоке шоу досега, изведувајќи ја химната на „Вози право, вози здраво“, специјално напишана и компонирана за ова јубилејно издание. Илјадници гласови обединети во една песна создадоа единствен момент на кулминација на прекрасниот ден и претставуваше вистинска прослава на десетгодишната приказна на настанот.

Уште на самиот старт, просторот кај Порта Македонија беше исполнет со семејства, деца, рекреативци и вљубеници во активниот начин на живот, а за атмосферата беше задолжен DJ Koko. Велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и бебешки колички се наредија на стартната позиција, а долгата колона учесници се движеше низ централното градско подрачје кон Градскиот парк. Насмеани лица и добро расположение ја следеа целата рута,.
За одличната атмосфера во текот на целиот настан се погрижија водителите Марко Марк и Дaниела Станоевска Џидрова заедно со актерот Гораст Цветковски, кои со својата енергија ги водеа илјадниците учесници низ програмата. На сцената традиционално беше присутен и Цако, долгогодишен пријател и поддржувач на настанот, кој повторно беше меѓу најзаслужните за насмевките на најмладите посетители, а секако тука беше и DJ Иван кој е на ВПВЗ настанот уште од првото издание.

По пристигнувањето во Градскиот парк следуваше голема забава за сите генерации. Просторот беше исполнет со музика, игра и бројни содржини. Најмладите уживаа во дружењето со омилениот Петко и јунаците од 5+ Фамилија, додека сетовите на DJ Иван ја одржуваа енергијата на високо ниво до самиот крај на настанот. Илјадници учесници го искористија денот за дружење, фотографирање и создавање спомени кои ќе ги паметат долго време.

Посебна возбуда предизвика традиционалната лотарија, која оваа година донесе најбогат награден фонд во историјата на „Вози право, вози здраво“. Среќните добитници заминаа дома со 10 Specialized велосипеди за деца, 10 GoPro камери, еден Specialized Road Bike, 10 Specialized велосипеди за возрасни, 10 Apple Watch часовници и 10 комплети велосипедска опрема што вклучуваа кацига, синџир за заклучување и предно и задно светло.

„Вози право, вози здраво“ е многу повеќе од рекреативен настан или ревијална трка. Тој стана симбол на заедничка грижа за поздрава животна средина, подобар квалитет на живот и развој на велосипедската култура во градот. Од година во година бројот на учесници расте, а со него и заедницата на луѓе кои веруваат дека малите промени во секојдневните навики можат да создадат голема разлика. Со рекордни 10.000 учесници, најголемото караоке шоу досега и атмосфера исполнета со радост, музика и заедништво, јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 испиша ново поглавје во својата приказна и постави високи стандарди за годините што следат.

Фото албумот од настанот е достапен на Facebook страницата на Банката. 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.