Новости
Стопанска банка е подготвена за воведувањето на IBAN форматот и на новите платни налози
27.10.2026
Почитувани,
Следејќи го соопштението од Македонската банкарска асоцијација, ве известуваме дека согласно регулаторните измени на Народната банка во текот на ноември 2026 година започнува примената на новите платни налози во домашниот платен промет и промена на форматот на сметките во IBAN формат.
Промените не значат промена на вашата постојна платежна сметка. Бројот на сметката останува ист, а во платниот промет сметката отсега ќе се користи во ИБАН формат, односно со ознаката „МК07“ пред постојниот број на сметката.
Дополнително, ќе се спроведат следните новитети во домашниот платен промет:
нови стандардизирани платни налози;
нови ознаки (шифри) за целта на плаќањето;
Целта на овие промени е поефикасна обработка на платежните трансакции, подобар квалитет на податоците и усогласување со современите меѓународни стандарди (ISO 20022).
Новите обрасци за платежни трансакции се задолжителни за сите учесници во платниот промет како замена на претходните форми на налози:
Стар налог | Нов налог |
ПП10 ВГ | ВГ- Внесување готовина |
ПП40 ПГ | ПГ - Повлекување готовина |
ПП30 КТД | КТД - Кредитен трансфер во денари |
ПП50 КТБ | КТБ - Кредитен трансфер кон буџетски корисници |
ПП53 ЗКТ | ЗКТ - Збирен кредитен трансфер |
Истовремено, досегашните нумерички шифри за „цел на плаќање“ се заменуваат со нови четиризнаковни шифри (на пример: SALA – плата, ELEC – електрична енергија, RENT – наемнина и др.). Внесувањето шифра за цел на плаќање, не е задолжително за прием и извршување на платниот налог, но е препорачано.
Стопанска банка информира дека навремено ги приспособи своите системи и процеси и е подготвена за примена на измените кои произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи. На нашата веб страница ќе можете подетално да се запознаете со промените, да добиете одговори на најчесто поставувани прашања и да ги прочитате деталните упатства подготвтени за вас.
Нашите вработени во филијалите како и во Контакт центарот ќе можат да ви помогнат при запознавањето и користењето на новите налози.
Корисни надворешни линкови:
- НБРМ
Стопанска банка
На ваша страна