Новости
Oбновени мандатите на членовите на УО г. Тренески и г. Пападопулос
22.10.2026
Почитувани,
Со задоволство информираме дека Народната банка издаде согласност за обновување на мандатите на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка, г. Владимир Тренески, Генерален директор за корпоративно банкарство и г. Илиас Пападопулос, Генерален директор за оперативни работи.
Оваа одлука претставува признание за нивната досегашна работа, посветеност и значајниот придонес во остварувањето на стратешките цели на Банката.
Во изминатиот период, г. Тренески продолжи успешно да го предводи сегментот на корпоративно банкарство, придонесувајќи за понатамошно зајакнување на односите со клиентите, раст на деловните резултати и унапредување на организациските процеси.

Истовремено, г. Пападопоулос даде значаен придонес во унапредувањето на оперативната ефикасност, модернизацијата на системите и реализација на значајни трансформациски иницијативи на Банката.

Им честитаме на г. Тренески и г. Пападопоулос и им посакуваме многу успех во извршувањето на нивните одговорности во новиот мандат.
Стопанска банка
На ваша страна