header image

Новата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата

28.5.2026

 

Новата Централа на Стопанска банка – прва LEED Gold сертифицирана зграда во земјата

 

Објектот на новата централа на Стопанска банка е првата зграда во земјата што доби LEED Gold сертификат, еден од најпрестижните светски сертификати за одржливост во градежништвото. Ова достигнување го позиционира објектот како пример за одржлив развој во Северна Македонија и ја демонстрира долгорочната посветеност на Банката кон заштитата на животната средина, иновациите и благосостојбата на вработените и клиентите.

LEED претставува кратенка за „Leadership in Energy and Environmental Design“ (Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) и е глобално признат систем за сертификација, а развиен од Американскиот совет за зелени градби (U.S. Green Building Council). Неговата цел е да промовира поздрави, поефикасни и еколошки објекти. Со оглед на тоа што изградениот простор е одговорен за речиси 40% од глобалните емисии на CO₂ и значителна потрошувачка на суровини, одржливата градба повеќе не е исклучок, туку неопходност за иднината на нашите градови и заедници.

Централата на Стопанска банка ги отсликува овие принципи, поставувајќи нови стандарди за начинот на кој се проектираат, градат и управуваат објектите во земјата. Проектот постигна високи резултати во повеќе категории на LEED, вклучувајќи: ефикасност на водата, енергија и атмосфера, материјали и ресурси, квалитет на внатрешната средина, одржливи локација и транспорт, иновации и регионален приоритет. Преку стратегии како значително намалување на потрошувачката на вода во затворен и надворешен простор, висока оптимизација на енергетската ефикасност, примена на обновливи извори на енергија и одговорно управување со градежниот отпад и рециклирањето, зградата значително го намалува својот еколошки отпечаток, истовремено создавајќи поздрава и покомфорна внатрешна средина за вработените на СБ.

Одржливите принципи беа интегрирани уште од најраните фази на проектирање. Ефикасните системи за греење, вентилација и климатизација (HVAC), осветлувањето, еколошки одговорните материјали, производите со ниски емисии, водоефикасните инсталации и внимателно избраните градежни решенија беа координирани во согласност со LEED барањата. Постигнувањето на оваа сертификација бараше блиска соработка меѓу архитекти, инженери, технички консултанти, изведувачи, производители и LEED консултанти во текот на сите фази од проектот — од концепт до финална изведба и пуштање во употреба.

По повод ова постигнување, г-ѓа Хрисула Кутуди, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, изјави:
Развојот на нашето ново седиште, покрај градежениот проект, го означува и нашиот пат на трансформација. Заедно со сите наши партнери и со вредната и значителна поддршка на NBG Групацијата, поставивме цел да изградиме објект што ги исполнува највисоките меѓународни стандарди, а воедно ги одразува и нашите вредности како одговорна институција. Добивањето на LEED Gold сертификацијата е доказ за посветеноста, експертизата и соработката на сите инволвирани страни. Исклучително сум горда на проектниот тим на Стопанска банка, чија посветеност беше непоколеблива и клучна за оваа визија да стане реалност.

Лоцирана во срцето на Скопје, централата на Стопанска банка претставува повеќе од само сертифицирана зграда — тоа симболизира визија насочена кон иднината на градот. Проектот ја одразува посветеноста на Банката кон одговорни инвестиции, грижа за животната средина и благосостојбата на вработените, клиентите и пошироката заедница, зацврстувајќи ја позицијата на Стопанска банка како лидер, не само во банкарството, туку и во одржливите корпоративни практики. Како прва LEED-сертифицирана зграда во Скопје, таа поставува значаен пример за идните проекти и придонесува за подигање на свеста за одржливите градежни практики во регионот.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.