Новости
Соопштенија
Известување за промена на надоместоци - 30.5.2026
30.5.2026
Известување за промена на надоместоци
Во примена од 1 август 2026 година, Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошниот текст Банката) врши ревидирање на надоместоците за одржување на денарските и девизните сметки за физички лица и за плаќање на режиските трошоци во готовина на шалтерите на Банката.
За повеќе информации, на следниот линк детално се прикажани надоместоците кои стапуваат во примена од 1 август 2026 г.
Во чекор со новите технологии, променете ги вашите навики и вршете брзо, лесно и безбедно плаќање на вашите редовни месечни обврски за режиските трошоци преку дигиталните (i-bank) канали на Банката, достапни 24/7, без надоместок, а за потрадиционалните корисници, останува достапна опцијата за вршење различни видови плаќања со услугата траен налог.
Како клиент на Банката го задржувате своето право и можност да го уредите или да го измените деловниот однос со Банката, за што може да добиете совет и насоки од одговорните лица во нашите филијали.

