Новости
Соопштенија
Известување до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје
23. 6. 2026
Известување до имателите на обични и приоритетни акции на Стопанска банка АД – Скопје
Согласно донесените одлуки од Собранието на акционери одржано на 28.5.2026 година, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите акционери дека ќе изврши исплата на дивиденда за обичните акции за 2025 година во бруто-износ од 59,00 денари по акција и дивиденда за приоритетните акции за 2025 година во бруто-износ од 6,00 денари по акција.
Исплатата на дивиденда за обичните и приоритетните акции за 2025 година ќе се изврши врз основа на следниот дивиденден календар:
- Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датумот на пресек на Акционерската книга е 15.06.2026 година.
- Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11.06.2026 година.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда е 12.06.2026 година.
- Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе се изврши до 30.06.2026 година. Исплатата на дивиденда за обичните акции ќе се реализира почнувајќи од 13.07.2026 година.
Дивидендата на имателите на обични и приоритетни акции ќе се исплати во готово, на нивните платежни сметки во Стопанска банка АД – Скопје или во друга банка.
Исплатата на дивиденда на акционери - физички лица: Со цел ефикасна исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични и приоритетни акции кои немаат платежна сметка во Стопанска банка АД - Скопје во денари, а кои имаат право на дивиденда, да се обратат во една од филијалите на Стопанска банка АД – Скопје со цел отворање на платежна сметка. Оние акционери - физички лица, кои сакаат да им биде исплатена дивиденда во друга банка, треба да поднесат „Инструкција за пренос на дивиденда на сметка во друга банка“ во Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Банката или во најблиската филијала, со приложување важечка легитимација и сметка од друга банка („Инструкцијата“ е достапна на интернет-страницата на Стопанска банка АД - Скопје).
Исплатата на дивиденда на акционери - правни лица ќе се врши со пренос на средства на нивните сметки во Стопанска банка АД - Скопје или во друга банка, со доставување инструкциja за исплата во друга банка од страна на правното лице, која може да се преземе од интернет-страницата на Стопанска банка АД - Скопје.
Имајќи предвид дека исплатата на дивиденда на физички лица согласно Законот за данок на личен доход подлежи на пресметка и плаќање данок на личен доход, кој пак согласно важечката даночна регулатива, се плаќа преку е-ПДД системот на УЈП од страна на самото физичко лице, се повикуваат сите акционери кои не се внесени во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници, да преземат лично соодветни активности за нивно евидентирање во даночната евиденција на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на приход кој подлежи на оданочување од кој било вид во Република Македонија.

