Новости
Соопштенија
Г-а Хрисула Кутуди со нов мандат
18.8.2026
Г-а Хрисула Кутуди со нов мандат
Стопанска банка со задоволство информира дека НБРСМ ѝ одобри нов мандат на г-а Хрисула Кутуди како Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Банката.


Оваа одлука ја одразува довербата во лидерството на г-а Кутуди и нејзината континуирана посветеност на успешната реализација на стратегијата на Банката, трансформациската агенда и долгорочната визија.
Продолжувајќи напред, Банката останува посветена на остварувањето на своите стратешки приоритети и на реализацијата на комплексните проекти и иницијативи кои се дел од нашата трансформација. Со континуитет во раководењето, ќе продолжиме да градиме одржлива иднина за организацијата, да ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот, да воведуваме нови производи и услуги, да ги унапредуваме процесите и дополнително да го подобруваме искуството што им го нудиме на нашите клиенти и на пошироката заедница.
На г-а Кутуди ѝ го честитаме обновувањето на мандатот и со нетрпение очекуваме заедно да достигнеме нови успеси и значајни достигнувања додека продолжуваме да ја обликуваме иднината на Стопанска банка.

