Новости
Соопштенија
Пренос на уметнички дела во новиот објект на Банката
19. 6. 2026
Пренос на уметнички дела во новиот објект на Банката
Како патрон на уметноста од самото основање, Стопанска банка создава богата уметничка колекција која постојано се надоградува. Уметнички слики, скулптури, мозаици, икони и мурали ги красеа ходниците на објектот кој со децении беше дом на Стопанска банка.
Со планирањето на новиот објект, Банката го планираше и професионално го организираше макотрпниот подвиг делата да бидат каталогизирани, документирани и дислоцирани од претходното седиште со должно вниманиe. Во моментов, проектот е во фаза на изведба за деталите за поставување на делата во новиот објект на Банката. На тој начин, Банката ја продолжува својата повеќедецениска традицијата да биде на страна на уметноста и културата.
Како потсетување, во рамки на одбележување на еден од своите јубилеји, Банката дел од највредните уметнички дела ги однесе на турнеа низ државата, давајќи им притоа важност и видливост за пошироката јавност. Со гордост Банката во изминатите години репродуцираше дел од уметничките дела во форма на деловен подарок, во соработка со авторите и нивните наследници, создавајќи притоа мини реплики кои се подарени на клиенти и соработници на Банката.
Преселбата на објектот на Банката е сеопфатен проект, при што приоритет има бизнис континуитетот, односно Банката да нема прекин во работењето и процесите кои се клучни за економијата и клиентите, по што се продолжува со останатите активности. Токму поради долгиот процес на преселба, Банката своето свечено отворање на објектот го планира за последниот квартал од годината.

