Новости
Оглас за отстапување на побарување
16.10.2026
О Г Л А С (Реф. Бр. 16/2-533/2026) за отстапување на побарување
Стопанска банка АД – Скопје (во понатамошниот текст „СБ”) Ве повикува да учествувате во постапка за отстапување на обезбедено корпоративно побарување заедно со споредните права од клиентот ГАМА ВИНЕРИ ДОО Гевгелија, (во понатамошниот текст „Клиент”) со плаќање надомест, преку склучување Договор за отстапување на побарување.
Под отстапување на побарување се подразбира пренос на целокупното побарување на СБ, заедно со сите поврзани споредни права, инструменти за обезбедување и права за обезбедување (хипотеки и залози) врз имотот на должникот, како и правата од веќе поведените постапки пред надлежен извршител.
А) Детална анализа (due diligence)
На секоја заинтересирана страна ќе ѝ биде овозможено спроведување на Детална анализа (due diligence) на побарувањата и поврзаните споредни права, инструменти за обезбедување и права за обезбедување по претходно доставено писмено Барање за овозможување детална анализа и достава на документ за идентификација и контакт-податоци преку e-адреса: Corporatedivestment@stb.com.mk, во рок не подоцна од 20 дена од денот на објавата на овој Оглас.
По потпишувањето на Договорот за доверливост, СБ на секоја заинтересирана страна ќе ѝ ја достави целокупната релевантна документација за спроведување Детална анализа (due diligence) придружена со нацрт-договор за отстапување на побарување со плаќање надомест, преку доставените контакт-податоци и/или е-маил адресата преку која е доставено писменото Барање за овозможување детална анализа.
Заинтересираните страни ќе имаат можност да извршат и увид на лице место на заложениот имот. Барањата за увид на лице место се доставуваат преку е-адресата Corporatedivestment@stb.com.mk, во рок не подолг од 20 дена од денот на објавата на овој Оглас. Увидот на лице место ќе биде организиран од страна на СБ, во време определено од страна на Клиентот и по претходна согласност од Клиентот.
Б) Поднесување Обврзувачка понуда
По завршувањето на процесот за детална анализа (due diligence), Ве повикуваме до СБ да доставите Обврзувачка понуда (во понатамошниот текст: „Понуда”) во електронска форма, на англиски јазик, во рок не подолг од 30 дена од денот на објавата на овој Оглас, на следната е-адреса: Corporatedivestment@stb.com.mk.
Вашата Обврзувачка понуда треба да ги содржи следните елементи:
Податоци за Понудувачот
Назив/Име и Презиме, регистрирана адреса на седиште/живеалиште, единствен матичен број на субјектот – ЕМБГ/ЕМБС, пропратена со соодветна документација за податоците.Одредба за Обврзувачка понуда
Доставената Понуда мора експлицитно да содржи одредба дека е обврзувачка и важечка во рок од најмалку 60 (шеесет) дена од датумот на нејзиното поднесување.Понуден износ за отстапување на побарување
Во Понудата е потребно точно да се дефинира/специфицира износот на надомест во МКД кој ќе ѝ се исплати на СБ за отстапување на побарувањето заедно со споредните права, со јасна назнака за нето-износ.
При поднесувањето на Вашата понуда, Ве молиме земете го предвид и следното:
Понудениот износ треба да се плати во готово и во МКД, во рок не подолг од 15 (петнаесет) дена од денот на потпишувањето на Договорот за отстапување на побарување.
Понудениот износ треба да биде изразен во нето-износ, без вклучени даноци и дополнителни трошоци поврзани со отстапувањето.
Понудениот износ треба да биде без одбитоци, задршки или пребивања и ДДВ.
Понудениот износ не треба да биде изразен во опсег или преку формула. Овие типови на понудени износи нема да се сметаат како понудени и тие нема да бидат земени предвид.
4. Уплата на депозит
Понудувачот е должен да достави и доказ за уплатен депозит за учество во износ од 6,150,000 МКД (со зборови: шест милиони и сто педесет илјади денари) на сметката на СБ 200000000099029 со повикување на број MKD112200106 со цел на дознака: Депозит по Реф. Бр. 16/2-533/2026. Уплатениот депозит се смета за дел од понудениот износ за отстапување на побарувањето. На понудувачите чија понуда не е избрана како најповолна, депозитот ќе им биде вратен во рок не подолг од 7 (седум) дена од изборот на најповолниот понудувач.
5. Доказ за финансирање
Доставената Понуда се очекува да биде пропратена со доказ за поседување и располагање парични средства во висина на понудениот износ за отстапување на побарувањето. СБ го задржува правото да побара контакт-детали со цел потврдување на оваа информација.
Доколку финансирањето е преку кредитна/финансиска поддршка, Ве молиме да ни доставите и доказ за обезбедена кредитна/финансиска поддршка, а согласно условите наведени во Вашата Понуда.
6. Лице за контакт
Доставената Понуда треба да содржи контакт-детали од овластено лице на понудувачот.
Ве повикуваме за сите дополнителни информации да не комуницирате преку следната е-адреса: Corporatedivestment@stb.com.mk.
В) Евалуација
По евалуацијата на пристигнатите Понуди, СБ ќе изврши селекција на најповолната Понуда, при што висината на понудената купопродажна цена ќе биде клучен критериум при процесот на одлучување.
Уплатениот депозит од страна на избраниот понудувач ќе се смета како дел од понудениот износ за отстапување на побарувањата. Уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ доколку избраниот понудувач се откаже од обврзувачката Понуда по кој било основ и во кое било време по известувањето дека е избран за најповолен Понудувач.
Г) Посебни и општи одредби
Понудувачот самостојно ја проценува наплатливоста на побарувањето по сите основи, состојбата на инструментите и правата за обезбедување и статусот на постапките за присилна наплата. СБ не гарантира за исходот на овие постапки, а постапката за отстапувањето со надомест се врши согласно околностите и состојбата на денот на поднесувањето на Обврзувачката Понуда по принципот „видена состојба“ ("in its present condition" „As is, where is“).
СБ го задржува правото да го измени процесот, да ги дискфалификува понудувачите, да ги продолжи роковите или целосно да го поништи огласот во која било фаза, без никаква одговорност за трошоците на учесниците. Во таа смисла, СБ има целосно право слободно да располага со своите побарувања, да ги намирува во целост на законски начин, без оглед на овој Оглас, слободно да располага со своите права и самостојно да комуницира и со други страни, без никакво ограничување.
За сите дополнителни информации може да се обратите преку следната е-адреса: Corporatedivestment@stb.com.mk.