Прескокни до содржина
Промотивен депозит со антиципативна исплата на камата

Промотивен депозит со антиципативна исплата на камата

Карактеристики

Атрактивна промотивна понуда до 31.12.2026 за орочен депозит со следните карактеристики:

• орочување во денари или евра

• период на орочување од 25 месеци

• атрактивни фиксни каматни стапки за целиот период на орочување и

• антиципативна исплата на камата

Дополнителни предности

• Антиципативна исплата на камата

• Атрактивни и гарантирани каматни стапки за целиот период на орочување

• Сигурна и стабилна банка, банка од доверба

• Увид во состојбата преку e-banking

Рок на орочување 25 месеци

Валута МКД или ЕУР

Категорија на клиенти Резиденти и нерезиденти

Минимален почетен износ на влог Минимален почетен влог е 300.000 МКД, односно 5.000 ЕУР

Каматни стапки МКД 3.70% годишно ЕУР 2.80% годишно

Пресметка / Исплата на камата

Износот на пресметана камата, се исплаќа ОДНАПРЕД, во моментот на вложување т.е. на датумот на орочување на средствата, на сметката за камата која ќе ја одреди клиентот.

Политика на преорочување Депозитот (главницата) достасува на датумот на доспевање и истиот нема можност за автоматско преорочување. На датумот на доспевање клиентот располага со средствата кои се дозначуваат на сметката на клиентот.

Предвремено разорочување на депозитот

Клиентот може да го раскине договорот за депозитот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ врши:

  • корекција на пресметаната и однапред исплатена камата со применa на стапка по видување за периодот од датумот на орочување до датумот на предвремено раскинување и

  • целосно задржување на износ на однапред исплатена камата од датумот на предвремено раскинување до иницијалниот датум на достасување на депозитот.

  • Коригираниот износ на антиципативно исплатената камата, се пресметува и се наплатува од главнината на депозитот.

    Овластување на депозитот

Клиентот може во моментот на отворање на депозитот или дополнително да овласти друго лице за располагање со средствата од депозитот

Документи

При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)