6бесплатни посети на деловни зони годишно за себе и своите сопатници.
Секоја дополнителна посета над 6-тата (по сметка) ќе биде наплатена 28 евра по посета, директно од сметката поврзана со картичката.
Доколку имате дополнителна картичка, бесплатните влезови се трошат заеднички. Секој влез со било која од основна или дополнителна картичка се одзема од вкупниот број на дозволени бесплатни влезови на вашата сметка.
Kартичката е специјално дизајнирана платежна картичка со тактилни засеци за да им помогне на корисниците да ги идентификуваат и разликуваат своите картички
Кредитна картичка: Аголен засек
Картичката е изработена од 100% рециклиран PVC.
Употреба
Плаќање во трговската мрежа без провизија
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Подигнување на готовина од банкомати и шалтери по најповолни услови
Овозможена за користење во државата и во странство
Максимална возраст за активно користење на кредитниот лимит на картичката е 75 години
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари
Месечен трансакциски лимит за безготовински платежни трансакции во трговската мрежа на ПОС терминали во износ од 600.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 30.000 денари во државата и во странство
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Преземете ја апликацијата LoungeKey за да ви помогне побрзо да ги пронајдете деловните зони. Можете да ја преземете апликацијата од App Store или преку Google Play.
Каматни стапки
8,55% променлива за клиенти со плата/пензија во СБ
9,50% променлива за други клиенти.
0% камата за трансакциите на рати без камата кај трговските партнери на СБ
Каматата се пресметува само на искористениот износ
Рефинансирање на долг од кредитни картички и кредитни картички од други банки се прави по наведените каматни стапки во зависност на категоријата на клиентот
Членарина
Бесплатна за првата година
Бесплатна за сите СБ Ексклузив клиенти
0 денари членарина
со остварен промет од 90.000 денари во трговија во текот на една година
Корисник на станбен кредит или кредит со обезбедување од СБ
Картичката е издадена врз основа на залог на депозит
395 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
595 денари членарина за клиенти што примаат пензија во СБ и месечните извештаи за картичката ги добиваат по пошта
695 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и се корисници на сервисот за достава на месечните извештаи за картичката преку електронска пошта
895 денари членарина за клиенти што ја примаат или не ја примаат платата во СБ и ги добиваат месечните извештаи за картичката по пошта
Доколку клиентот во текот на последните 12 месеци доцнел повеќе од 60 дена во отплатата на месечните минимални обврски нема право на погоре наведените попусти и Банката ќе го наплати целиот износ од1500 денаригодишна членарина
Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
За подигање на готовина од банкоматите на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата
За подигање на готовина на шалтер на СБ се задолжува денарската сметка за 2.5% но не помалку од 250 МКД од износот на трансакцијата
За подигање на готовина од банкоматите и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија и во странство денарската сметка се задолжува со провизија од 250 МКД + 2.5% од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 3.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
При плаќање соGoogle Payне потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата,
При плаќање соApple Payне е потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е автентикација со Face ID, Touch ID или лозинка на вашиот уред, независно од износот на трансакцијата.
Кредитни критериуми
Физички лица државјани на Република Северна Македонија
Возраст на корисникот- од 20 до 67 години на денот на аплицирање
Минимални примања од 40.000 денари
Потребни документи
Лично пополнета и потпишано барање за Mastercard Platinum кредитна картичка
Важечка лична карта или пасош
За клиенти што примаат плата/пензија преку СБ
извод од трансакциска сметка од последните 6 месец
За клиенти што не примаат плата/пензија
Потврда за редовно вработување не постара од 30 дена, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот
По потреба и друга документација за доказ за висина на месечни примања
Пополнете ги Вашите податоци
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.