Бесплатна дебитна картичка наменета за млади клиенти на возраст до 28 години
Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со денарска сметка
Без провизија за плаќање во трговската мрежа
3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
Без провизија за подигнување на готовина од банкомати во мрежата на Стопанска банка
Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
Физички полнолетни лица државјани на Република Северна Македонија на возраст помала од 28 години
Можност за бесплатно додавање на картичката во Google Wallet
Употреба
Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 150.000 денари
Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 300.000 денари
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странств
Дневен кумулативен износ на бесконтактни трансакции без внес на пин до 9.000 МКД (150 ЕУР) (доколку бесконтактните трансакции се извршуваат со физичка картичка). По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. Исклучок од правилото се трансакциите на патарини каде што посочените лимити не важат.
Дневен кумулативен износ на трансакции со Google Pay до 20.000 МКД (350 ЕУР) и важи само за трансакциите направени во странство. По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. За трансакциите направени во Македонија не се поставени дневни трансакциски лимити за плаќања со Google Pay.
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Членство
300 денари годишна членарина
Бесплатна за клиенти до 28 години
Бесплатна за првата година и потоа можност за ослободување од членарина со направен промет во трговија од 100.000 денари во текот на една година
0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка.
Трошокот од 100 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Провизии и други надоместоци
БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 2% од подигнатиот износ, но не помалку од 70 денари.
За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 2.5% мин. 250 МКД од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 МКД
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 МКД
Документи
Лично пополнета и потпишано барање за MasterCard TOPSI
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.