За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Безбедност при бесконтактни плаќања: согласно регулативата за засилена автентикација на клиентот при извршување на бесконтактни платежни трансакции засновани на картичка, задолжителна е автентикација со ПИН код во следните случаи:
Доколку со картичката се извршени 5 последователни бесконтактни трансакциии на ПОС терминал без ПИН (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН од страна на клиентот. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку вкупниот кумулиран износ на сите бесконтактни трансакции на ПОС надминува 9.000 денари (од моментот на последната трансакција автентицирана со ПИН), следната бесконтактна трансакција мора да биде автентицирана со ПИН, независно од износот на трансакцијата. Во спротивно, истата ќе биде одбиена,
Доколку поединечниот износ на бесконтактната платежна трансакција на ПОС терминал надминува 2.000 денари мора да биде автентицирана со ПИН. Во спротивно, истата ќе биде одбиена (овој лимит по бесконтактна трансакција на одредени ПОС терминали во државата може да изнесува 2.500 денари, а во други земји пак може да надминува 2.500 денари),
При плаќање со Google Pay не потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е мобилниот уред да биде отклучен за да се реализира плаќањето, независно од износот на трансакцијата,
При плаќање со Apple Pay не е потребно да се внесе ПИН код на ПОС терминал, но задолжително е автентикација со Face ID, Touch ID или лозинка на вашиот уред, независно од износот на трансакцијата.
Членство
300 денари годишна членарина
Бесплатна за клиенти до 28 години
Бесплатна за првата година и потоа можност за ослободување од членарина со направен промет во трговија од 100.000 денари во текот на една година
0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
Еднократен трошок од 300 денари за изработка на дополнителна картичка.
Трошокот од 100 денари при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)
Провизии и други надоместоци
БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Северна Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 2% од подигнатиот износ, но не помалку од 70 денари.
За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 2.5% но не помалку од 250 денари од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 200 денари
Трошокот за реиздавање на картичка поради кражба, губење, оштетување или промена на податоци изнесува 350 денари
Документи
Лично пополнета и потпишано барање за MasterCard TOPSI
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.