КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

 

 

5то “Вози право, вози здраво“

 

Најголемо ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО досега!

 

Листа на добитници од лотаријата во Градскиот парк

Електричниот тротинет кој го обезбеди Град Скопје го доби Наталија Костовска со број 5794.

Сите добитници ќе бидат контактирани за личните податоци потребни за исплата на персонален данок.

Фотографии и видеа од настанот можете да најдете на нашата Facebook страница како и на YouTube каналот.

 

 

 

Ги повикуваме сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебе колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот ќе се одржи на 08.06 сабота со СТАРТ од 18 часот од салата Борис Трајковски и забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

 

Подигнување на редни броеви
Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од нашата i-bank store филијала од 10 - 18ч секој ден од понеделник 03.06 до петок 07.06. како и во сабота, 08.06, но не подоцна од 15 часот.

 

НАПОМЕНА:

Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА да биде овозможено. Затоа, побрзајте подигнете ги броевите најдоцна до 15 часот на 08.06.2019 од i-bank store.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.
За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Скопски Грув, 5+ Фамилија и Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.

 

Лотарија
За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата ќе има и вредна лотарија која овојпат вклучува:


- 10 SPECIALIZED детски велосипеди
- 10 SPECIALIZED велосипеди за возрасни
- 10 GoPro Hero 7 камери

Банката обезбеди и ваучери за сладолед, пијалок, грицки, вода со што ќе го освежиме пристигнувањето на целта и ќе можеме да уживаме во добрата забава.
Секако, и на стартот ќе имаме групни предизвици па ќе поделиме и подароци за оние најуспешните. За што станува збор ќе дознаете на стартот од модераторот на настанот.

 

Совети и Препораки
Како и досега, нашите препораки за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
- внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор
- дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката
- не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите на целта нема да бидат посебно наградени
- бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник
- внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
- очекуваме пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење

- Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено внимание ќе биде посветено на хигиената и за време на одржувањето на настанот како и по завршувањето на истиот.

 

Вози од срце и донирај километри

Извозените километри на ВПВЗ, Банката повторно ќе ги посвети на донации за урбана опрема за велосипедизам за нашиот град. Дополнително, во годината кога Банката одбележува 75 години од постоењето, започнавме кампања под името Вози од срце со која на национално ниво ја поттикнуваме свеста за предностите од користење на велосипедот за секој од нас, но и за нашето окружување.

Целта на кампањата е заедно да собереме 1.000.000км извозени со велосипед, по што Банката ќе донира за Одделот за кардиологија при Државната клиника за детски болести со што заедно помагаме за подобро здравје на детските срца. Приклучете се и возете од срце и на ВПВЗ и секој друг ден! Правилата за донирање на извозени километри дознајте ги на voziodsrce.mk


 

НАПОМЕНА!

Банката информира дека работи согласно законската регулатива за заштита на лични податоци и дека личните податоци во процесот на регистрација се собираат и обработуваат само за потребите на целосна реализација на ревијалната трка и по нејзино завршување истите ќе бидат избришани и уништени согласно регулативата. Настанот ќе биде сниман и фотографиран со цел промоција на истиот во медиумите. Видеото и фотографиите ќе бидат објавени на Facebook страницата на Стопанска банка.

Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за исплата на персонален данок.

 

Со поднесување на формата за регистрација, потврдувате дека сте лично одговорни за своите активности и постапки за време на ревијалната трка и дека ќе се грижите за себе и за својот личен имот. Банката не превзема одговорност за однесувањето и постапките на учесниците како и евентуалните повреди или оштетувања на учесниците или нивниот личен имот за време на ревијалната трка и настанот.

 

 

Впечатоци од претходните изданија на #ВозиПравоВозиЗдраво

 

Видеа

Вози Право Вози Здраво 4

Вози Право Вози Здраво 3

Вози Право Вози Здраво 2

Вози Право Вози Здраво 1

 

Фотографии

ВПВЗ 4

ВПВЗ 3

ВПВЗ 2

ВПВЗ 1

 

СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАРТОТ!