header image header image

VISA Business

За производот

VISA Business картичката е дебитна картичка што се издава на правни лица што се резиденти, преку издавање една или повеќе Visa Business картички на вработените, кои картичката можат да ја користат за различни деловни (службени) патувања на правното лице.

Со Visa Business дебитните картички вработените на кои правното лице ќе им издаде картичка имаат постојан 24/7 пристап до средствата уплатени на наменските средства на секоја од картичките каде било да се наоѓаат, на повеќе од 20 милиони продажни места или банкомати во светот.

Карактеристики
  • Плаќање на службените (деловни) трошоци без провизија на повеќе од 20 милиони продажни места во светот
  • Секое правно лице може да побара издавање на една или повеќе Visa Business дебитни картички (секоја со посебна сметка), кои ќе се користат за извршување деловни (службени) плаќања во рамките на средствата што правното лице ќе ги префрли на секоја од сметките.
  • Правното лице самостојно управува, односно ги определува износите за трошење (парични средства на располагање) на секоја поединечна Visa Business картичка издадена на вработените во правното лице.
  • Едноставно следење и управување со сметките и реализираните трошења со Visa Business дебитните картички преку e-banking сервисот на Стопанска банка.
  • Важност од 5 години, по што автоматски се обновува. Правното лице има право во секое време да побара затворање на една или повеќе VISA Business дебитни картички.

Членство и провизии

Провизии
  • Подигање готовина БЕЗ ПРОВИЗИЈА во денари од банкоматите и експозитурите на СБ
  • Купување во трговија БЕЗ ПРОВИЗИЈА
  • За подигање готовина во денари од банкоматите на други Банки во Р.Македонија провизија од 100,00 МКД + 1% од подигнатиот износ.
  • За подигање готовина во странство провизијата од 1 EUR +1,5% од подигнатиот износ.
  • Дневен лимит за подигање готовина е 60.000,00 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени )
  • За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000,00 МКД.
Годишно членство

За правни лица со сметка и работење во Стопанска банка:

  • Без членарина за првата година
  • 450 денари годишно за секоја поединечна Visa Business дебитна картичка

За други:

  • 600 денари годишно за секоја поединечна Visa Business дебитна картичка

 

Употреба и документи

Користење на картичката 
  • Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари
  • Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари
  • Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и странство

Visa Business дебитната картичка може да се користи на домашни и странски интернет - страни за извршување на e-commerce трансакции со високо ниво на безбедност.

Потребни услови и документи  
  • Сметка во Стопанска банка
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци
  • Барање и овластување (на пропишан образец од Банката) за издавање Visa Business дебитна картичка за најмалку едно лице, пополнето од законскиот застапник на деловниот субјект

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на