header image header image

Средни и големи компании

Гаранции

Ностро Гаранции

Банкарската гаранција е инструмент со кој банката гарант презема неотповиклива обврска кон корисникот на гаранцијата, дека во случај на неисполнување на обврските од налогодавачот, кој претставува должник по гаранцијата, обврската ќе биде исполнета од банката гарант и без оглед на видот на гаранцијата, обврската на банката претставува обврска за плаќање.

Стопанска банка АД, Скопје издава ностро девизни и денарски гаранции. Стопанска банка АД ги издава следните видови гаранции:
1. Платежни гаранции вклучително и гаранции за обезбедување на долг во царинска постапка и други.
2. Чинидбени гаранции:

  • Лицитациони (тендерски) гаранции
  • Гаранции за платен аванс
  • Гаранции за добро извршување на работите
  • Гаранции за добро извршување во гарантен период
  • Други видови гаранции во зависност од потребите на клиентите.

3. Врз основа на добиени контра гаранции од странски или домашни првоклсани банки, Стопанска банка АД - Скопје издава свои гаранции на корисници во земјата и/или странство согласно барањата на налогодавачот.

Стопанска банка АД - Скопје започна со издавање на  гаранција на понуда во електронска форма заради учество во постапка за доделување на договор за јавна набавка која се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем на јавни набавки.

Лица овластени да потпишуваат гаранции на понуда преку Електронскиот систем на јавни набавки се:

Весна Спасевска, Катерина Јовановска и Цветанка Кизова.

Услови за добивање на производот

  • Клиентот да има отворено денарска и/или девизна сметка во Стопанска банка АД
  • Комерцијален или финансиски договор со партнерот за конкретна зделка или проформа фактура, и сл.
  • Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит на фирмата, хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка, залог на сопствен - денарски или девизен штеден влог или штеден влог од трето лице.
  • Гаранциите може да бидат издадени и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со некое од горенаведените обезбедувања.

Документи

  • Барање за издавање на гаранцијата
  • Конкретни документи во зависност од видот на гаранцијата (трговски или финансиски договор со партнерот, проформа фактура, тендерска документација, одобрение издадено од Царинската управа и сл.)
  • Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРСМ, образец ЗП)

Провизии и трошоци

Во зависност од видот на гаранцијата и обезбедувањето:

1. Гаранции обезбедени со наменски депозит (денарски или девизен, залог на штедна книшка, гаранција од првокласна банка):

  • 0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 3.000 МКД или месечно, 0.1% од износот, минимум 1.000 МКД за платежни и чинидбени гаранции
  • 0.2% од износот, тримесечно, минимум ден 1.500 МКД или месечно, 0.07% од износот, минимум 600 МКД за лицитациони гаранции

2. Гаранции обезбедени со хипотека, залог на движен имот и/или меници со нотарски акт (во рамките на веќе одобрен рамковен лимит/кредитна линија):

  • 1.2% од износот, тримесечно, минимум 3.000 МКД или месечно, 0.4% од износот, минимум 1.000 МКД за платежни и чинидбени гаранции 
  • 0.6% од износот, тримесечно, минимум 1.500 МКД или месечно, 0.2% од износот, минимум 600 МКД за лицитациони гаранции  

3. Измена на услови на гаранции: 2.000 МКД Провизијата се наплатува пред издавањето на гаранцијата за првиот месец или тримесечие, а за следните периоди до истекот на рокот на важност на гаранцијата, на почетокот на истите, на салдото на гаранцијата.


Лоро (примени) Гаранции
  • Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на девизни лоро гаранции и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.
  • По извршената проверка на автентичноста на примената гаранција како и текстот на истата, гаранцијата се авизира без обврска на Стопанска банка АД - Скопје
  • Стопанска банка АД - Скопје авизира без нејзина обврска и примени гаранции за клиенти на други банки, по извршената проверка на автентичноста на примената гаранција.

Провизии и трошоци:

  • Авизирање: 0.1% од износот, минимум 600 МКД максимум 10.000 МКД плус трошоци 200 МКД
  • Измена на условите на гаранцијата: 600 МКД плус трошоци 200 МКД
  • Преземање и манипулација со документи: 0.15% од износот, минимум 1.500 МКД плус трошоци.

Контакт информации

Дирекцијата за финансирање на трговијата

тел: 02/3295- 416; 02/3295-514; 02/3295-276 или во филијалите на Банката.

 

Акредитиви

Ностро (Увозни) Документирани Акредитиви

Документарниот акредитив е неотповиклива обврска на банката издавач кон корисникот на акредитивот на барање и врз основа на инструкции добиени од неговиот клиент-налогодавач, да плати по видување или на одреден иден датум определена сума пари, со презентација на документи во согласност со роковите и условите предвидени во акредитивот.

Документарниот акредитив е инструмент во платниот промет со странство со кој се обезбедува сигурност на увозникот дека ќе плати за примената стока или услуга откако ќе се исполнат условите одредени со акредитивот , како и сигурност на извозникот дека со презентација на уредни документи ќе му биде платена противвредноста на извезената стока или извршената услуга.

Стопанска банка АД, Скопје отвора неотповикливи ностро акредитиви плативи по видување или со одложено плаќање. Издава и револвинг акредитиви. За конфирмација на акредитивите, Стопанска банка АД го користи широкиот спектар на долгогодишни банки партнери низ целиот свет и не наплатува повисока провизија за конфирмираните акредитиви.

Услови за добивање на производот

  • Клиентот да има отворено денарска и девизна сметка во Стопанска банка АД
  • Комерцијален договор со партнерот или проформа фактура
  • Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит, купени девизи на негова акредитивна сметка, кредит одобрен од банката, гаранција од првокласна банка
  • Акредитивот може да бидат издаден и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, девизен или денарски штеден влог на физичко лице, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка.

Потребни документи

  • Барање за отворање на акредитив
  • Пополнет образец 1451 (банката помага во пополнувањето на истиот)
  • Комерцијален договор или проформа фактура
  • Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРСМ, образец ЗП)

Документи во зависност од видот на обезбедувањето:

  • Со парично покритие
    • 0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 1.800,00 плус трошоци ден. 900,00
  • Акредитиви отворени во рамки на кредитна линија/рамка обезбедени со хипотека, залог на движен имот и/или меници со нотарски акт
    • 1.2% од износот, тримесечно, минимум ден 3.600,00 плус трошоци ден. 900,00
  • Измена на услови: 1.200,oo ден

Провизијата се наплатува пред отварањето на акредитивот за првото тримесечие, а за следните тримесечја на почетокот на истите, на салдото на акредитивот. Кај акредитивите со одложено плаќање провизијата се наплатува се до истекот на обврската за плаќање.


Лоро (Извозни) Документирани Акредитиви
  • Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на извозни - лоро акредитиви и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.
  • По извршената проверка на автентичноста на примениот акредитив како и текстот на истиот, во зависност од условите на акредитивот, истиот се авизира без обврска на Стопанска банка АД или со нејзина конфирмација.
  • Стопанска банка АД - Скопје е една од ретките банки во Северна Македонија која врш и пренос на примените преносиви акредитиви согласно условите на првиот корисник (посредникот).

Провизии и трошоци:

  • Авизирање: 0.1% од износот, минимум ден. 1.500,00 максимум ден. 10.000,00 плус трошоци ден. 200,00
  • Проверка на документи: 0.2% од износот, минимум ден. 2.000,00 плус поштенски трошоци
  • Обработка на прилив по лоро акредитив: 0.09% од приливот, минимум ден. 1.500,00 плус трошоци ден. 200,00
  • Пренос на акредитиви: 0.3% од износот, минимум ден. 1.800,00.
  • Измена на условите: ден. 1.200,00
  • Конфирмација на лоро акредитив: со покритие: 0.3% од износот на презентираните документи, без покритие: 3% од износот на акредитивот.

Службата за акредитиви

Тел: 02/3295-276, 02/3295-416, 02/3295-514 и во нашите филијали

 

 

Автомобилски кредити

Oпшти информации
  • Автомобилски бизнис кредит на Стопанска банка
  • Флексибилен кредит за правни лица
  • Едноставна постапка за одобрување на кредитот
  • Поволни каматни стапки
  • Купување на нови службени возила
  • Валута: денарски или денарски со девизна клаузула
  • Период на отплата до 7 години
  • Залог на возило осигурано со КАСКО осигурителна полиса
  • Месечни ануитети за отплата
  • Годишни каматни стапки
Валута/Обезбедување
10-30% учество
Над 30% учество
ЕУР
9.25%
8.75%
МКД Каматна стапка на благајнички записи + 4% Каматна стапка на благајнички записи + 4%


СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медимуи

Трошоци

  • 600 МКД провизија за аплицирање
  • 2% од одобрениот износ на кредит, еднократна провизија за управување

Критериум за кредит

  • Проценка на кредитната способност според официјалните биланси на компанијата
  • Постоење и работење на компанијата најмалку 12 месеци
  • Оценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт од СБ

Потребни документи

  • Тековна состојба на правното лице од Централен Регистар на РСМ
  • Картон со Заверени Потписници ( ЗП Образец )
  • Копија од лична карта на управител
  • Финансиски извештаи за последни 3 години
  • Барање за кредит
  • Потврда дека над компанијата не е отпочната стечајна постапка ( Централен Регистар на РСМ )
  • Потврда дека возилото не е веќе ставено под залог ( Заложен Регистар на РСМ )

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на