Кредитни производи за средни и големи компании

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

e-com image

КРЕДИТИ, ГАРАНЦИИ И АКРЕДИТИВИ ЗА СРЕДНИ И ГОЛЕМИ КОМПАНИИ

 

Краткорочен кредит

Директно финансирање по најповолни услови.
Краткорочниот кредит може да се одобри како посебен кредит или да биде вклучен во рамковниот лимит.

Карактеристики

   › Намена
        - За обртни средства

   › Рок на важење
        - До 12 месеци

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

ГАРАНЦИИ

Ностро гаранции

Опис на производот

Во банкарските операции, банкарската гаранција претставува правна работа со која банката (како гарант) на барање на компанијата (како налогодавач) и согласно неговите пишани инструкции, издава документ (гаранција) на трета страна (како корисник на гаранцијата).

Девизните гаранциите на барање на клиентите, може да бидат издадени во согласност со Еднообразните правила за гаранции на повик, издание бр. 758 на Меѓународната трговска комора во Париз , а денарските гаранции се издаваат врз основа на Законот за облигациони односи.

Намена на производот

Банкарската гаранција е инструмент со кој банката гарант презема неотповиклива обврска кон корисникот на гаранцијата, дека во случај на неисполнување на обврските од налогодавачот, кој претставува должник по гаранцијата, обврската ќе биде исполнета од банката гарант и без оглед на видот на гаранцијата, обврската на банката претставува обврска за плаќање.

Видови

Стопанска банка АД, Скопје издава ностро девизни и денарски гаранции.

Стопанска банка АД ги издава следните видови гаранции:

Платежни гаранции вклучително и гаранции за обезбедување на долг во царинска постапка и други
Чинидбени гаранции:
•  Лицитациони (тендерски) гаранции

•  Гаранции за платен аванс

•  Гаранции за добро извршување на работите

•  Гаранции за добро извршување во гарантен период

•  Други видови гаранции во зависност од потребите на клиентите.

Врз основа на добиени контра гаранции од странски или домашни првоклсани банки, Стопанска банка АД издава свои гаранции на корисници во земјата и/или странство согласно барањата на налогодавачот.
Услови за добивање на производот

•  Клиентот да има отворено денарска и/или девизна сметка во Стопанска банка АД

•  Комерцијален или финансиски договор со партнерот за конкретна зделка или проформа фактура, и сл.

•  Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит на фирмата, хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка, залог на сопствен денарски или девизен штеден влог или штеден влог од трето лице.

•  Гаранциите може да бидат издадени и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со некое од горенаведените обезбедувања.

Потребни документи

•  Барање за издавање на гаранцијата

•  Конкретни документи во зависност од видот на гаранцијата (трговски или финансиски договор со партнерот, проформа фактура, тендерска документација, одобрение издадено од Царинската управа и сл.)

•  Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРМ, образец ЗП)

Провизии и трошоци

Во зависност од видот на гаранцијата и обезбедувањето:

Гаранции обезбедени со наменски депозит (денарски или девизен, залог на штедна книшка, гаранција од првокласна банка):
•  0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 3.000,00 или месечно, 0.1% од износот, минимум ден. 1.000,00 за платежни и чинидбени гаранции

•  0.2% од износот, тримесечно, минимум ден. 1.500,00 или месечно, 0.07% од износо , минимум ден. 600,00 за лицитациони гаранции

Гаранции обезбедени со хипотека , залог на движен имот и/или меници со нотарски акт (во рамките на веќе одобрен рамковен лимит/ кредитна линија):
•  1.2% од износот , тримесечно , минимум ден 3.000,00 или месечно , 0.4% од износот , минимум ден 1.000,00 за платежни и чинидбени гаранции

•  0.6% од износот , тримесечно , минимум ден . 1.500,00 или месечно , 0.2% од износот , минимум ден . 600,00 за лицитациони гаранции

Измена на услови на гаранции: ден. 2.000,00
Провизијата се наплатува пред издавањето на гаранцијата за првиот месец или тримесечие, а за следните периоди до истекот на рокот на важност на гаранцијата, на почетокот на истите, на салдото на гаранцијата.



Каде може да се добие производот

Во Централата и филијалите на Стопанска банка АД, Скопје на целата територија на Република Македонија.



ЛОРО (примени) ГАРАНЦИИ

Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на девизни лоро гаранции и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.

По извршената проверка на автентичноста на примената гаранција како и текстот на истата, гаранцијата се авизира без обврска на Стопанска банка АД.

Стопанска банка АД авизира без нејзина обврска и примени гаранции за клиенти на други банки, по извршената проверка на автентичноста на примената гаранција.

Провизии и трошоци:

•  Авизирање: 0.1% од износот, минимум ден. 600,00 максимум ден. 10.000,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Измена на условите на гаранцијата: ден. 600,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Преземање и манипулација со документи: 0.15% од износот, минимум ден. 1.500,00 плус трошоци.



Информации

За сите информации и прашања, ве молиме да се обратите во Дирекцијата за финансирање на трговијата, на следните телефони: 3295 416; 3295 514; 3295 276, како и во нашите филијали на целата територија на Република Македонија.


Банката дава бесплатни совети на своите клиенти од доменот на гаранциското работење.

 

АКРЕДИТИВИ

ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ

 

НОСТРО (УВОЗНИ) АКРЕДИТИВИ

Опис на производот

Документарниот акредитив е неотповиклива обврска на банката издавач кон корисникот на акредитивот на барање и врз основа на инструкции добиени од неговиот клиент-налогодавач, да плати по видување или на одреден иден датум определена сума пари, со презентација на документи во согласност со роковите и условите предвидени во акредитивот.

Сите акредитиви се отвораат во согласност со Еднообразните правила и обичаи за документарни акредитиви, публикација бр. 600 во издание на Меѓународната трговска комора во Париз.

Намена на производот

Документарниот акредитив е инструмент во платниот промет со странство со кој се обезбедува сигурност на увозникот дека ќе плати за примената стока или услуга откако ќе се исполнат условите одредени со акредитивот , како и сигурност на извозникот дека со презентација на уредни документи ќе му биде платена противвредноста на извезената стока или извршената услуга.

Видови

Стопанска банка АД, Скопје отвора неотповикливи ностро акредитиви плативи по видување или со одложено плаќање. Издава и револвинг акредитиви. За конфирмација на акредитивите, Стопанска банка АД го користи широкиот спектар на долгогодишни банки партнери низ целиот свет и не наплатува повисока провизија за конфирмираните акредитиви.

Услови за добивање на производот

•  Клиентот да има отворено денарска и девизна сметка во Стопанска банка АД

•  Комерцијален договор со партнерот или проформа фактура

•  Да понуди обезбедување: денарски или девизен депозит, купени девизи на негова акредитивна сметка, кредит одобрен од банката, гаранција од првокласна банка

•  Акредитивот може да бидат издаден и во рамките на веќе одобрена кредитна линија или рамковен лимит обезбедени со хипотека на движен и/или недвижен имот, меници уредени со нотарски акт, девизен или денарски штеден влог на физичко лице, обврзници од старо штедење, гаранција од првокласна домашна или странска банка.

Потребни документи

•  Барање за отворање на акредитив

•  Пополнет образец 1451 (банката помага во пополнувањето на истиот)

•  Комерцијален договор или проформа фактура

•  Дополнителна документација (извод од тековна состојба од ЦРМ, образец ЗП)

Провизии и трошоци

Во зависност од видот на обезбедувањето:

Со парично покритие:

- 0.3% од износот, тримесечно, минимум ден 1.800,00 плус трошоци ден. 900,00
Акредитиви отворени во рамки на кредитна линија/рамка обезбедени со хипотека, залог на движен имот и/или меници со нотарски акт

- 1.2% од износот, тримесечно, минимум ден 3.600,00 плус трошоци ден. 900,00
Измена на услови: ден. 1. 200,00
Провизијата се наплатува пред отварањето на акредитивот за првото тримесечие, а за следните тримесечја на почетокот на истите, на салдото на акредитивот. Кај акредитивите со одложено плаќање провизијата се наплатува се до истекот на обврската за плаќање.

Каде може да се добие производот

Во Централата и филијалите на Стопанска банка АД, Скопје на целата територија на Република Македонија.


ЛОРО ( ИЗВОЗНИ) ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ

Во Централата во Скопје, во Дирекцијата за финансиско тргување, се врши прием на извозни - лоро акредитиви и истите се авизираат на корисниците резиденти или нерезиденти.

По извршената проверка на автентичноста на примениот акредитив како и текстот на истиот, во зависност од условите на акредитивот, истиот се авизира без обврска на Стопанска банка АД или со нејзина конфирмација.

Стопанска банка АД, Скопје е една од ретките банки во Македонија која врш и пренос на примените преносиви акредитиви согласно условите на првиот корисник (посредникот).

Провизии и трошоци:

•  Авизирање: 0.1% од износот, минимум ден. 1.500,00 максимум ден. 10.000,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Проверка на документи: 0.2% од износот, минимум ден. 2.000,00 плус поштенски трошоци

•  Обработка на прилив по лоро акредитив: 0.09% од приливот, минимум ден. 1.500,00 плус трошоци ден. 200,00

•  Пренос на акредитиви: 0.3% од износот, минимум ден. 1.800,00.

•  Измена на условите: ден. 1.200,00

•  Конфирмација на лоро акредитив: со покритие: 0.3% од износот на презентираните документи, без покритие: 3% од износот на акредитивот.


Информации:

За сите информации и прашања , слободно обратете се во Службата за акредитиви на следните телефони: 3295 276, 3295 416, 3295 514, како и во нашите филијали на целата територија на Република Македонија.

Банката дава бесплатни совети на своите клиенти од доменот на акредитивното работење.

 

Рамковен лимит

 

Ако сакате брзо и флексибилно финансирање кое ќе одговара на вашите финансиски потреби тогаш овој производ е идеален за вас. Рамковниот лимит се издава до одреден износ т.н. лимит и за одреден временски период. Во рамките на овој производ може да користите: краткорочни кредити, гаранции или акредитиви.

Карактеристики

   › Намена
        - Подршка на тековното работење, кредити, гаранции и акредитиви.

   › Рок на враќање
        - На револвинг принцип или со претходно договорена динамика на враќање за поединечните кредити.

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

Долгорочен или инвестиционен кредит

Доколку сакате директно финансирање по најповолни услови за период подолг од 12 месеци тогаш треба да се одлучите за овој производ.
Во случај на инвестиционен кредит потребно е да доставите и инвестициона програма (бизнис план) заедно со потребната документација.

Карактеристики

   › Намена
        - Купување на опрема, изградба на објекти, финансирање на посебни проекти или репрограмирање на вашиот долг.

   › Рок на враќање
        - Со претходно определени еднакви рати на отплата (месечни, тромесечни или полугодишни) и можност за користење на грејс период.

   › Валута
        - долари, евра, САД долари или друга валута.

 

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ БИЗНИС КРЕДИТ 

Компаративни предности

•  Автомобислки бизнис кредит на Стопанска банка
•  Флексибилен кредит за правни лица
•  Едноставна постапка за одобрување на кредитот
•  Поволни каматни стапки

Намена на кредитот

Купување на нови службени возила

Износ Зависно од потребите и финансиската состојба на клиентот
Валута •  Денарски кредит
•  Денарски со девизна клаузула
Период на отплата

До 7 години

Грејс период Нема, освен во исклучителни случаи по договор со клиентот
Обезбедување

Залог на возило осигурано со КАСКО осигурителна полиса

Отплата

Месечни ануитети

Каматни стапки 
годишни
Валута/Обезбедување
10-30% учество
Над 30% учество
ЕУР
9.25%
8.75%
МКД Каматна стапка на благајнички записи + 4% Каматна стапка на благајнички записи + 4%

СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медимуи

(» годишни стапки на вкупните трошоци)
Трошоци

•  600 МКД провизија за аплицирање
•  2% од одобрениот износ на кредит, еднократна провизија за управување

Критериуми за кредит

•  Проценка на кредитната способност според официјалните биланси на компанијата
•  Постоење и работење на компанијата најмалку 12 месеци
•  Оценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт од СБ

Потребни документи

•  Тековна состојба на правното лице од Централен Регистар на РМ
•  Картон со Заверени Потписници ( ЗП Образец )
•  Копија од лична карта на управител
•  Финансиски извештаи за последни 3 години 
•  Барање за кредит
•  Потврда дека над компанијата не е отпочната стечајна постапка ( Централен Регистар на РМ )
•  Потврда дека возилото не е веќе ставено под залог ( Заложен Регистар на РМ )