header image header image

Општи информации

Функционалности

Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за сметки на вашето правно лице.

Предности:
  • Заштедувате време и трошоците за патување до Банката
  • Пристапот до Вашите финансии 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
  • Едноставно користење
  • Бесплатен пристап и повластени провизии за трансакции – до 70% пониски од оние на шалтер
  • Интерно развиено решени кое гарантира масимална безбедност на Вашите финансии
Функционалности:
  • Следење на состојбата на сметките
  • Следење на трансакциите преку сметките
  • Преземање на изводите од сметките
  • Плаќање по повеќе основи со налог ПП-30 (преку KIBS, MIPS или IBSP)
  • Плаќање на обврски кон трезорска сметка ПП-50
  • Процесирање на плати за вработените со ПП-53
  • Плаќање кон странство во девизи со налог 1450
  • Купување и продавање на девизи на e-banking
  • Креирање на сопствени шаблони за најчесто користените налозите

 

Најави се

 

Поднесување барање

Сите правни лица кои имаат свои денарски и/или девизни сметки во Стопанска банка можат да ги уживаат предностите на e-banking сервисот. За увид во сметките на правното лице, потребнно е да доставите пополнета пријава за e-banking сервисот за правни лица, а доколку сакате и да вршите трансакции преку сметките на правното лице, потребен е и Договор за e-banking сервисот.  Договорот и Пријавата потпишани до законскиот застапник потребно е да се достават во најблиската филијала на Стопанска банка.

Со пријавата за користење на услугите на e-banking сервисот, законскиот застапник ги овластува лицата кои ќе можат да имаат увид во состојбата и извештаите од сметките на правното лице (web финансиски информации), а кои ќе можат да внесуваат и/или потпишуваат налози за плаќање по електронски пат. Само оние лица кои се овластени потписници на сметката можат да бидат и овластени за потпишување по електронски пат, и ним Стопанска банка може да им издаде дигитален сертификат на USB токен.

  • Договор за користење на услугата е-banking
  • Пријава на корисници за услугата e-banking
  • Овластување

Термински план и трошоци

Плаќањата преку e-banking системот за физички лица на сметки во Банката се БЕСПЛАТНИ, а правните лица го користат системот со значајно намалени тарифи.

Термински план и провизија за плаќања за правни лица во работни денови:

Платен систем Од понеделник до петок Во сабота провизија
Интерен систем на СБ од 07:45 до 18:00 часот од 07:45 до 13:30 часот

1-10.000 ден

над 10.000 ден

7,00 ден.по налог

11,00 ден. од налог

КИБС од 07:45 до 14:20 часот /

1-10,000 ден.

над 10.000 ден

15,00 ден. по налог

20,00 ден. од налог

МИПС од 07:45 до 16:20 часот / 110,оо ден. по налог
ПП53 налог од 07:45 до 14:00 часот /

Интерен

КИБС

4,00 ден. по налог

16,00 ден од налог

Надоместок за издавање на дигитален сертификат на USB токен

1.200,00 ден.

Повластен трошок за водење на сметка за е-банкинг корисници

300,00 ден. месечно

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на