
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална заштита
Почитувани,
Ве информираме дека на 01.09.2020 (вторник), ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите уште од попладневните часови истиот ден.
За клиентите кои не користат платежни картички, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно, во периодот од 02-ри септември (среда) до 04-ти септември (петок) 2020 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
• 02.09.2020 (среда) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; (презиме)
• 03.09.2020 (четврток) исплата за И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; (презиме)
• 04.09.2020 (петок) исплата за П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на редот на чекање. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, задолжително треба да се придржуваат до следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Примена на превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и одржување меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна