
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии од 1-ви Февруари 2019 год.
03.01.2019
Соопштение за исплата на пензии од 1-ви февруари 2019 год.
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека со почеток од 1-ви февруари 2019, Стопанска банка АД – Скопје почнува да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје.
Воедно, Ве потсетуваме за поволностите кои ги добиваат сите пензионери кои својата пензија ја примаат на сметка во Стопанска банка АД – Скопје, вклучително:
- Бесплатна VISA/Master дебитна картичка поврзана со трансакциската сметка, со која може да се подигне пензијата
- 10% намалување на променливите каматни стапки и можност за фиксна стапка, кај одредени кредитни производи
- Можност за дозволено пречекорување
- Повисоки каматни стапки до 0.2 п.п. за орочениот депозит МОЈ ПЛАН во однос на редовните каматни стапки
- 24/7 бесплатен пристап и увид во трансакциска сметка како и можност за плаќање преку интернет.
За повеќе информации, обратете се во Филијалите на Банката или во 24/7 Контакт Центарот (02) 3100 109.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна