header image

Соопштение за исплата на мајски пензии

 

 

25.05.2020

 

Соопштение за исплата на мајски пензии

 

Почитувани,

 

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека мајските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што  ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Клиентите корисници на дебитни картички од Стопанска банка ќе можат да располагаат со мајските пензии веќе од 27.05.2020г. (среда), преку банкоматите и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  1. До 11.000 денари на 27.05.2020г. (среда)
  2. 11.001-14.000 денари на 28.05.2020г. (четврток)
  3. 14.001-18.000 денари на 29.05.2020г. (петок)
  4. Над 18.001 денари на 01.06.2020г. (понеделник)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел спроведување на готовинската исплата во најдобар ред и за доброто на сите. Апелираме клиентите при посета на филијалата, размислувајќи пред се за своја лична заштита, да поднесат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка со што во иднина ќе можат да располагаат полесно со своите средства.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, апелираме кај останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама за покривање на носот и устата, додека пред влезот на филијалите обележани се позиции со помош на кои клиентите ќе можат да оддржат растојание од 2м додека чекаат.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.