Новости

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100-109

 

Адреса:
11 Октомври, 1000 Скопје

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

19.04.2019

 

Соопштение за 24часовен прекин на можноста за извршување налози преку i-bank услугите

 

 

Почитувани,

 

За време на раните утрински часови во недела, 21.04 Стопанска банка АД – Скопје ќе спроведува планска надградба на решенијата кои се користат за извршување на налози преку i-bank услугите (e-banking, m-banking и телефонско банкарство). Надградбата ќе овозможи подобри и побрзи трансакции во иднина и е во рамки на редовните унапредувања на алатките достапни за клиентите на Стопанска банка.

 

Поради надградбата, најавуваме дека во текот на денот 21.04 клиентите нема да бидат во можност да реализираат плаќања преку i-bank услугите. Бидејќи овие термини платниот промет секако не е достапен, од надградбата нема да бидат погодени голем број на клиенти и трансакции.
Очекуваме во понеделник 22.04 системите да бидат целосно достапни и клиентите да можат да ги користат непречено.

 

Ви благодариме за разбирањето.

 

Стопанска банка АД – Скопје

75 години на ваша страна