header image

Реализирано Вози право, вози здраво

 

 

22.05.2017

 

ОДЛИЧНА АТМОСФЕРА НА „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“ VOL.3

 

Изминатата сабота (20.05.2017), со регистриран рекорден број на учесници (3.500), при одлични временски услови и со пикник забава во градскиот парк, Скопје прослави уште еден „Вози право, вози здраво“ настан во организација на Стопанска банка АД – Скопје. 

Ревијалната трка од Порта Македонија, со должина од 1.500м ја извозеа сите учесници од најмалите во бебе колички до најголемите вело-ентузијасти. На целта во градскиот парк за учесниците, но и за посетителите во изобилство обезбедени беа голем број на подароци, изненадувања и освежувања. Детската претстава во изведба на Тања Кочовска како и бендот “Бета хаус“ дополнително ја загреваа атмосферата и придонесоа за бројни насмевки во паркот. 

За време на настанот, за присутните медиуми г. Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје изјави: „Ме радува што гледам толку голем број на граѓани сплотени за една иста идеа. Тоа значи дека сме допреле тема значајна за сите возрасти и за сите граѓани, па среќни сме што можеме заедно да ја поддржуваме! Стопанска банка ќе остане посветена и уште повеќе активна во иднина, донирајќи нова урбана опрема која во фокусот ќе го има велосипедизмот.“

Стопанска банка заедно со град Скопје на денот на настанот го презентираше и почетокот на поставување на урбаната опрема, донација од #ВПВЗ vol.2 – 105 паркинзи и 5 модерни станици за поправка на велосипеди кои ќе ги има на повеќе локации низ градот во согласност со препораките на активистите, промотори на велосипедизмот. Секако, со учество во „Вози право, вози здраво“ vol.3 кумулативно извозените 5.250км Банката повторно ќе ги преточи во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање на сообраќајната и велосипедската култура.

Предлозите од граѓаните се добредојдени. Уште еднаш, Стопанска банка АД – Скопје изразува голема благодарност за учесниците, јавноста која го прифати настанот, компаниите кои се приклучија (Макпрогрес, Виталиа, Пивара Скопје, Фриком, Кодинг и Никоб), СВР Скопје кои се погрижија за безбедноста на учесниците во ревијалната трка и секако Град Скопје за поддршката на иницијативата за овој убав настан. Фотографии од настанот како и повеќе информации за лотаријата може да најдете на веб страницата на Банката како и на Facebook.
 

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 


Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на