
Новости
Соопштенија
Работно време Сабота 28.03 - посебен режим за исплата на пензиите
24.03.2020
Работно време Сабота 28.03 - посебен режим за исплата на пензиите
Почитувани, согласно најавата, исплатата на мартовските пензии на шалтер ќе биде овозможено од сабота 28.03.2020 поради што Банката најавува посебен режим за работа.
Сите 55 филијали на Банката ќе бидат отворени од 09 до 13:30 часот. Во овој број на филијали влегуваат и филијалите кои вообичаено не работат во сабота.
Ги повикуваме клиентите корисници на пензии да ги користат дебитните картички, банкоматите и да избегнуваат посета на филијалите. Доколку веќе мора да ја посетат филијалата, да поднесат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.
55 филијали на Банката ќе работат во сабота 28.03 додека исклучени се и понатаму 10те филијали кои веќе 2 недели поради вонредната состојба не работат со клиенти.
Затворени филијали остануваат:
- Тетово 2
- Клиники
- Карпош 4
- Ѓорче Петров
- Мајка Тереза
- Ново Лисиче
- Веро Центар
- Битпазар
- i-bank store
- Расадник
Стопанска банка АД - Скопје