header image

Продажба на имот - Февруари 2018

 

01.02.2018

 

Оглас за продажба на имот


ОГЛАС

(Реф бр. 1-02/2018)

 

Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на :

 

Недвижен имот (спроти Трговскиот Скопје Сити Мол) на ул.Лондонска 2А, Скопје (согласно ДУП запишан како хотелски комплекс, одлука бр. 09-83/03 од 05.01.2016) лоциран на КП 1502/2 и КП 1502/10 за КО Карпош со вкупна површина од 1862м2 согласно Имотен лист бр.20466 и Имотен лист бр.40138, како и земјиште под објект со површина од 665м2 и двор со површина од 886м2, согласно Имотен лист бр.53125 и Имотен лист бр.53126.

 

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација, со прибирање на затворени писмени понуди за минимална почетна цена од 1.951.000 ЕУР.

Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.

Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на  купувачот.

               

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество на  лицитацијата, треба да достават две поединечно затворени пликоа, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  • Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:

-  Името и адресата на понудувачот и контакт телефон, 

- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),

- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација. 

 

  • На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:

- цената која се нуди за купување на недвижноста;

- ДДВ од 18%;

- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

 

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат депозит за учество на лицитација износ од 5% од минималната/почетна цена за имотот на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД113660111.

Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот откога ќе биде информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР, пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.       

Рокот за доставување на понудите е до 08.02.2018 година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280 и 02/3295-283

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на