header image

Оглас за вработување "Проценител"

06.03.2019

 

Оглас за вработување проценител

 

 

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групација  објавува:

 

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Соработник за изработка на проценки

Дирекција за проценки

(1 работно место)

 

Врши проверка на сопственичка и техничка документација за недвижен имот, предмет на проценка. Врши теренски увид на лице место на недвижниот имот, регистрира податоци за имотот кој е предмет на проценка и обезбедува фото документација од истиот. Го следи и анализира локалниот пазар на недвижен имот и подготвува извештаи за проценка на недвижен имот.

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

- Дипломиран градежен инженер, Дипломиран архитект или Дипломиран геодет

- Со или без работно искуство во областа

- Активно познавање на англиски јазик

- Познавање на работа со компјутери

- Возачка дозвола од Б категорија

 

 

Лични карактеристики:

  • Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

 

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од   25.000,00 МКД.

 

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

 

Ве молиме  да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката тука или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.03.2019 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295- 277.

 

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.