header image

Оглас за вработување - Одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС)

27.06.2018

 

 

Оглас за вработување - Одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС)

 

 

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален тим кој во соработка со Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува примена на прописите од областа на информативна сигурност и имплементација на сигурносните контроли и ефикасни оперативни практики на ниво на цела банка.

 

 

Советник за специфични прашања – Одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС) во Кабинетот на Претседателот на Управниот одбор

 

Значајни должности:

 

  • Одговорен е за примена на прописите од областа на информативната сигурност.
  • Одговорен за редовно информирање на надлежните органи за прашања поврзани со информативната сигурност.
  • Врши проценка на ризиците, анализа на веројатноста од појава на закани, предлага унапредување на политиките и процедурите за информативна сигурност.
  • Учествува во дефинирање и координација на имплементацијата на сигурносните контроли во Банката и врши набљудување на нивната ефикасност.
  • Го организира и управува процесот на изработка и тестирање на Планот за континуитет во работењето .

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
  • Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Кандидатот треба да биде способен да работи независно и самостојно;
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

 

Стопанска банка АД-Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

 

Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик на human.resources@stb.com.mk.

 

Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 12 Јули 2018.

 

Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на