КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР +389 (0)2 3100109

 

Адреса:
11 ОКТОМВРИ, 1000 СКОПЈЕ

Факс:
+389 (0)2 3114-503  

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

05.06.2018

 

О Г Л А С

за прием на работник на работно место - Инженер во         

Дирекција за проценки и техничка поддршка

    (1 работно место)

 

Врши проверка на сопственичка и техничка документација за недвижен имот, предмет на проценка. Врши теренски увид на лице место на недвижниот имот, регистрира податоци за имотот кој е предмет на проценка и обезбедува фото документација од истиот. Го следи и анализира локалниот пазар на недвижен имот и подготвува извештаи за проценка на недвижен имот.

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

- Дипломиран градежен инженер,

- Со или без работно искуство во областа

- Активно познавање на англиски јазик

- Познавање на работа со компјутери

- Возачка дозвола од Б категорија

 

 

Лични карактеристики:

  • Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

 

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 25.000,00 МКД.

 

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

 

Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/ или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.06.2018година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295- 277.

 

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.